Невозвратена љубов, мотив за грабнување жена
Скопјанецот С.И. (47) од вчера е на издржување на мерката притвор која му беше изречена поради сторено кривично дело грабнување што се случи во саботата, на улицата „Скупи“, во Скопје. Всушност, грабнувањето се случило на паркингот од „Автоцентар -Тојата“, каде што С.И. со возило „Рено 18“ застанал пред оштетената Л.Ј.(49), која била во придружба на 31-годишната И.М.(31). Имено, С.И. излегол од возилото, а потоа на сила и со закана насилно ја внел на задните седишта од „реното“, а потоа се упатил кон Визбегово.
Имено, пријавениот во петокот, во 6,50 часот, на наведеното место ја забележал оштетената, заедно со нејзината колешка, како се движи кон Автоцентарот „Маккарт БМВ“, по што се приближил со возилото до неа, а потоа и' се заканил дека ќе ја убие доколку не влезе во возилото. Преплашената жена почнала да бега кон паркингот на Автоцентар „Тојота“, но С.И. успеал да ја стигне и да и' го попречи патот со возилото, по што излегол и почнал да ја удира со тупаници по глава и да ја влече и турка кон автомобилот. Откако се обидела да му даде отпор, С.И. со закани по нејзиниот живот ја фатил за врат и насилно ја внел на задните седишта и кон Визбегово. Кога пристигнале во Визбегово, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, тој ги заклучил вратите на возилото, извадил шнајдерски ножици и и' заканил дека ако проба да бега ќе ја убије.
Жената се обидела да разговара со грабнувачот, а го замолила да му се јави на нејзиниот полубрат за да поразговара. Таа успеала да се јави од нејзиниот мобилен телефон на В.Р. и притоа му кажала со кого и што и' се случува, а потоа прекинала разговорот. Веќе во 7,30 часот, од мобилниот телефон на оштетената се јавил осомничениот и на нејзиниот полубрат му кажал дека доколку се обиде да ја бара тој ќе ја убие. Братот, сепак, за грабнувањето ја известил полицијата која некаде околу 14 часот била ослободена.
Во полициската станица со грабната бил обавен информативен разговор, а разговор бил обавен и со очевидката на настанот. Полицијата изготвила и барање за идавање на видео запис од мониторингот на „Тојота“. Заради пронаоѓање на осомничениот и неговото возило била распишана телеграма за потрага. Грабнувачот бил откриен и приведен од припадници на единицата „алфи“, а од одземеното возило биле пронајдени предметните ножици. (Љ.С.)
|