Ограбена обложувалница
Обложувалницата „Меридијан“, лоцирана на булеварот „Јане Сандански“ бр.7, во саботата, околу 20 часот, беше цел на разбојништво. Имено, три непознати машки лица, вооружени со огнено оружје, извршиле разбојништво над вработениот Н.И.(23) од кого одзеле мобилен телефон и близу 52.000 денари. Разбојништвото е извршено така што непознатите влегле во обложувалницата, по што од пултот го одзеле телефонот на вработениот, а од фиоката и парите, кои што ги ставиле во црни торби. (Љ.С.) |