Револтиран струмичанец влетал со автомобил во казино
Завчеравечер струмичани беа сведоци на несекојдневен настан што се случи во центарот на градот. Имено, граѓанин незадоволен од услугата во казиното „Апекс“, лоцирано во трговскиот центар ,,Глобал“, влегол во него заедно со својата „лада“. Станува збор за 44-годишниот М.П. од Струмица, кој претходно изгубил поголема сума пари во казиното. Потоа побарал да биде послужен со пијалак, но, бидејќи веќе бил под дејство на алкохол, вработените одбиле да го услужат. Незадоволниот струмичанец излегол од казиното, влегол во автомобилот и возејќи назад, по три обиди, успеал со него да влезе во казиното. (Е.П.) |