Момче загина по пад од покрив
Дваесет и деветгодишниот Роберт С. од скопско Трубарево го загуби животот во несреќа што се случи во саботата околу 7,30 часот на улицата „Првомајска“ во Скопје. Според МВР, Роберт С. поправал покрив од куќа, сопственост на К.М., но во еден момент паднал и се здобил со тешки повреди, на кои набргу им подлегнал. Лекарите од Градската болница единствено можеле да констатираат смрт. (Г.А.) |