Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

„Фаланга“ најде погребна кочија од вториот век

Уште двајца осомничени за прикривање археолошки предмети и материјални добра

Уште два лица заработија кривични пријави во најновото продолжение на полициската акција „Фаланга“ против незаконското присвојување археолошки предмети и материјални добра. При претрес во нивните домови биле пронајдени исклучително значајни предмети од културното наследство на Македонија, меѓу кои бронзени делови од свечена погребна ритуална кочија што потекнуваат од вториот век.

Во домот на двајцата скопјани биле пронајдени и други предмети што потекнуваат од Римскиот период �� две икони, за кои во тек е стручна идентификација за утврдување на потеклото и на културно-историската вредност.

„Според стручното мислење, пронајдените предмети од кочијата се само дел од нејзината целина (фигура од горен дел на кочијата со претстава на пантер и бронзена машка фигура, две фигури-торзо со претстава на машки лик, украсни делови од кочијата со претстава на орел и лав и друго), додека за останатите делови постојат сомневања дека биле продадени на илегалниот пазар со антиквитети надвор од границите на земјава, па ќе се бара помош од Интерпол“, велат од МВР.

Според истрагата, дел од пронајдените предмети биле нудени на продажба и на „одредени членови“, кои веќе се притворени во акцијата „Фаланга“. Против двајцата осомничени ќе биде поднесена кривична пријава за прикривање, а од МВР нагласуваат дека акцијата ќе продолжи.

Инаку, „Фаланга“ започна во јуни годинава кога беа пронајдени 3.000 монети, кои потекнуваат од различни историски периоди, повеќе од 20 фигури со различна големина изработени од камен, бронза, бакар и мермер, голем број керамички, бакарни и месингани садови, над 160 парчиња разновиден накит, над 300 метални, камени и керамички делови од предмети, метални секири, повеќе мермерни постаменти и плочи, метални копја и над 10 икони. При претресите се пронајдени и одземени и стари пиштоли и сабји, околу 20 метал детектори, 14 сонди, ноќни визири, дупчалки, кои биле користени за илегално ископување, потоа поголем број карти, мапи, фотографии на кои се прикажани разни монети, икони и други археолошки предмети. Најкарактеристичен предмет што беше пронајден е метална машка фигура -торзо, чија цена се проценуваше до 60.000 евра. Кривични пријави беа поднесени против 29 лица. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1684 пати.

Испрати коментар

Од: Vo zandana
Датум: 01.11.2010 12:54:40
I frlete go klucot
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 02.11.2010 05:20:33
Mineralno i istorisko nasledno pravo. Ako Jas iskopam vo mojot Dvor ili bilo kade, ako drzavata so zako ne kazuva deka e drzavno.toa znazi koj prv ce stigne,i negovo e! Ili pak,ako Drzavata zabranila .da ne se kopa,ama i toa treba da bide doneseno so Zakon!!

Најди! во Утрински
Хроника
Нова куќа - нова надеж за Кулески oд Штавица
Бегалци од „Идризово“ фатени живи
Момче загина по пад од покрив
Пак каменуван возот Кичево - Скопје
Кражба во викендичка во Тетовско






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU