Пак каменуван возот Кичево - Скопје
ТЕТОВО - Од надвозникот на локалниот пат Тетово - Брвеница, кај поранешниот објект на Радио Тетово, завчера околу 20,30 часот бил каменуван патничкиот воз 6905 што сообраќа на релација Кичево - Скопје. Нема повредени патници, но непознатите сторители со камења искршиле едно подвижно стакло од поголеми димензии. Од СВР - Тетово информираат дека и покрај каменувањето, железничкиот сообраќај се одвивал без прекин. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ова не е единствен случај да се каменува од споменатиот надвозник. Досега биле забележани повеќе примери на вакви напади по патнички возила, автобуси и камиони што минуваат на автопатот под надвозникот. (Г.Е.) |