Буџетскиот дефицит 222,5 млрд. долари
Дефицитот во федералниот буџет на САД нараснал во февруари за 222,5 милијарди долари, што е најголемо зголемување за еден месец во историјата, пренесува Асошиетед прес.
Економистите предвидуваат дека и овогодишниот буџетски дефицит на САД ќе биде најголем во историјата.
Американското Министерство за финансии соопшти дека минатомесечниот рекорд го надмина претходниот најголем раст на дефицитот од февруари 2010 година од 220,9 милијарди долари.
Во првите пет месеци на оваа фискална година, која започна на 1 октомври, дефицитот изнесувал 641,3 милијарди долари, што е за 1,6 отсто помалку од претходната година.
Канцеларијата на Конгресот за буџет предвидува дека дефицитот на САД оваа година ќе изнесува 1.500 милијарди долари, со што трета година едноподруго дефицитот ќе биде поголем од 1.000 милијарди долари. (Би-Би-Си) |