Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

И штрајковите ќе ја колабираат железницата

Двете железнички претпријатија најавуваат штрајкови ако не им се исполнат барањата - поредовни плати и враќање на привилегиите

Сања Наумовска


Железничкиот транспорт пред колапс. Не само поради прастарите возови, вагони и инфраструктурата, туку и поради незадоволството на вработените во двете железнички претпријатија – „Инфраструктура“ и „Транспорт“. И едните и другите неодамна најавија штрајкови со кои возовите ќе ги закотват на пероните се' додека не им се исполнат поставените барања. Иако синдикатите на „Инфраструктура“ му дадоа рок од една недела, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се' уште не им закажал средба на вработените во јавното претпријатие. Од него бараат обезбедување поредовни плати и враќање на привилегиите, кои ако не со преговори, ќе ги бараат со прекин на работата и запирање на возовите. Претставниците на синдикатите велат дека преговараат и со менаџерските тимови на двете железнички претпријатија, но не се откажуваат ниту од средбата со министерот Јанакиески.

Протест преку своите синдикални организации на 24 март закажаа и нивните колеги од МЖ „Транспорт“, со кој се надеваат дека ќе предупредат на состојбите со кои подолго време се соочуваат вработените во фирмата. Тие бараат социјален дијалог со директорот Оливер Деркоски, за кого велат дека само еднаш ги примил во изминатите 10 месеци. Од него ќе бараат потпишување колективен договор и систематизација на работните места со кој ќе треба да се оправдаат новите вработувања во фирмата.

Синдикалците нагласуваат дека се свесни оти решавањето на напластените проблеми не зависат многу од менаџерските тимови на двете фирми, бидејќи е познато дека железницата се финансира од субвенционирањето на патниот сообраќај од државниот буџет.

„Сите прашања остануваат отворени. Остварена е средба со раководството на претпријатието, но ќе инсистираме и на средба со министерот. Постапката за подготовка на предупредувачкиот штрајк си тече, согласно со законот, но се надеваме дека нема да се реализира“, вели претставникот на железничкиот синдикат на „Инфраструктура“, Драган Алексовски, и нагласува дека не отстапуваат од барањата да земаат редовна плата, истовремено со колегите од „Транспорт“ и да си ги повратат привилегиите за бесплатно возење со железницата.

Дијалогот и покачување на платите согласно со последните поскапувања може да го спречат и штрајкот најавен за 24 март, кој вработените овој пат решиле да го организираат во кругот на фирмата без да го нарушуваат нормалното одвивање на железничкиот сообраќај, најавуваат од Синдикатот на вработените во Подружницата за влеча на возови. „Во голема фирма како што е МЖ ’Транспорт‘, неопходно е да се потпише колективен договор и да постои систематизација на работните места. Задоволни сме што има нови вработувања, но сакаме да знаеме на кои работни места се поставуваат овие луѓе. Недозволиво е директорот да се сретнува со синдикатите само ако протестираат. Затоа се надеваме дека овој пат нема да биде така“, вели претседателот на Синдикатот, Кристифор Франковски, и нагласува дека очекуваат првата средба да се случи веќе идната недела.


#
Статијата е прочитана 703 пати.

Испрати коментар

Од: Брза помош
Датум: 14.03.2011 21:43:18
Железничкиот транспорт во Македонија е голем срам за сите нас! Под итно треба нешто да се направи. Има ли друга држава во која до оваа мера не се води сметка за железницата?

Најди! во Утрински
Економија
Европскиот фонд за спас двојно поголем
Пријавување данок и попладне
Скапите автомобили се повторно на цена
Во Македонија има околу 400.000 дивоградби
Буџетскиот дефицит 222,5 млрд. долари
Повеќе од 336.000 невработени
И Албанија во зона на слободна трговија

"""