|
|
|
|
|
|
Повеќе од 336.000 невработени
Загреб - Кон крајот на минатиот месец, на евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување се регистрирани над 336.400 невработени лица, а бројот на луѓе без работа во февруари 2011 во споредба со јануари е зголемен за 2.033 лица, или 0,6 отсто.
Хрватската невработеност во февруари годинава, во споредба со истиот минатогодишен месец, е зголемена за 5,9 отсто или за речиси 18.800 лица, се наведува во соопштението на Заводот.
Најновата анализа на експертите на меѓународната агенција за утврдување на кредитниот рејтинг „Дан и Бредстрит“ укажува дека Хрватска во текот на првото полугодие од оваа година ќе се соочи со зголемување на невработеноста, што ќе го отежне економското заздравување во земјата. (МИА |
#
|
Статијата е прочитана 787 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 14.03.2011 13:46:56 |
|
Sporedeno so broj na ziteli vo Makedonija, kolkava e brojkata na nevrabotenosta, do kade sme so investicioniot ciklus???? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 14.03.2011 17:32:09 |
|
Во споредба со македонската невработеност,хрватите се европејци а ние сме африканци.Но сепак се очекува и напредок кај нас кога запишаните95% од средношколците,во високото образование кои полесно ке наоѓат работа.Тогаш ке имаме високообразовани тесари,земјоделци,шивачки,бербери,таксисти,келнери и тнт.Со високо образование полесно ке се доаѓа до работа.На ова не се сетиле хрватите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Рекордери |
Датум: 14.03.2011 19:58:05 |
|
Колку и да се трудат, не можат да го соборат нашиот рекорд! Дали сме толку мрзелива нација па не сакаме ни да креираме работни места? Кај нас инспекциите треба малку да ги прочешлаат работодавците што држат непријавени работници и да се искорени работата на црно. Тие создаваат нелојална конкуренција, а освен тоа вака би придонеле за зголемен прилив во здравствената и пензиската каса. |
|
|
|
|
|
|
|
|