Донаторска аукција на чоколадо
В недела на 5.12.2010 година во фоајето на Македонската опера и балет (МОБ) со почеток во 19,30 часот, ќе се одржи втора едноподруго донаторска аукција на чоколадо. Во рамките на вечерта, ќе се слават вкусовите и убавината на живеење, испреплетени со хуманоста. Оваа манифестација, која е во организација на НВО „Позитиво“ и на Фондацијата „Т-мобиле“ за Македонија има хуманитарен карактер. Средствата од аукцијата ќе бидат наменети за реновирање и опремување на просториите за рехабилитација во Заводот за рехабилитација во Скопје во кои се сместени деца. Со реновирањето, освен условите за престој на бебиња до 24 месеци, како и на поголемите деца, ќе се подобрат и условите за работа на медицинскиот персонал. |