Сензорна соба за хендикепирани
БИТОЛА - По повод 3 декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп, вчера во битолскиот Центар за лица со посебни потреби беше отворена сензорна соба, прва од ваков тип во Македонија. Реализацијата на овој проект се оствари по иницијатива на родителите на деца со посебни потреби и на членовите на Интерпарламентарната лоби-група за правата на лицата со посебни потреби во која членуваат 43 пратеници од Собранието. Сензорската просторија ќе ја користат постојаните и повремени корисници на услугите на Дневниот центар за лица со посебни потреби.
„Собата ќе ја користат децата со тешка ментална ретардација, заболени од церебрална парализа, аутистични и хиперактивни деца. Тука се инсталирани посебни светла, звуци и предмети, кои позитивно ќе влијаат врз сетилата на лицата со посебни потреби“, истакна Виолета Гаџовска, раководителка на Центарот за социјални работи во Битола. (Д.Р.) |