Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија

Медведев, во Москва, му порача на Саркози, дека во изминатиот месец се случиле „важни работи“ на Кавказот

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - Во преговорите за нормализација на ситуацијата на Кавказот, во Грузија, Јужна Осетија и во Абхазија, мора да се уважат новите реалности што се случија во последниот месец, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев во почетокот на разговорите со претставниците на ЕУ. Од воведните зборови на Медведев беше јасно дека Русија нема намера да ја повлече својата одлука за признавање на новите држави на Кавказот. Така, уште во почетокот на средбата во Подмосковјето, Медведев ги одреди координатите по кои може да се движи разговорот за Грузија, Јужна Осетија и за Абхазија.

Точно еден месец по почетокот на војната во Јужна Осетија, во Москва вчера пристигнаа францускиот претседател Никола Саркози со својот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, раководителот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и главниот претставник за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана. Преговорите се водеа во подмосковската резиденција на Медведев „Мајндорф“. На руска страна беа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, советникот за надворешна политика на рускиот претседател Сергеј Прихотко и Сергеј Шувалов.

„Измина многу напнат месец во кој беа преземени сите неопходни напори во рамките на планот ’Медведев - Саркози’. Во тој период имаше важни случувања, конкретно Русија ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, постојат одредени нови приоди по кои мораме да се движиме, по планот што го одобривме“, рече во почетокот на преговорите Дмитриј Медведев, истакнувајќи дека при расправата за ситуацијата мора да се уважат новите реалности.

Францускиот претседател Саркози рече дека ако „секој се однесува како што треба, ќе се дојде до решение. „Ние ја донесовме надежта на 20 земји кои сакаа да веруваат, да има доверба и сакаат да имаат добри односи“, рече Никола Саркози. Тој додаде дека „како руски пријатели сакаме да ги заштитиме своите убедувања, во ЕУ исто така постојат принципи и убедувања. Ние сме тука во име на ЕУ и единствена Европа која сака мир. Договорите што ги постигнавме со претседателот Медведев треба да се реализираат“, рече Саркози. Франција сега претседава со ЕУ.

Во Москва велат дека тие веќе го исполниле својот дел од обврските од договорот Медведев - Саркози. Прекината е употребата на оружј��, војската е вратена на позициите до почетокот на војната, обезбеден е пристап на хуманитарните организации. ЕУ ја обвинува Русија дека создала „тампон-зони“ на територијата на Грузија и самоволно ја признала независноста на Абхазија и на Јужна Осетија. Кушнер смета дека Русија исполнила само два од шесте принципи од документот што го потпишаа Саркози и Медведев. Споменатиот договор во Москва Саркози и Медведев го потпишаа на 12 август, а потоа францускиот претседател отпатува во Тбилиси каде што го потпиша и Саакашвили. Во Москва беа незадоволни што при потпишувањето на документот во Тбилиси беше исфрлен целиот воведен дел. Што се однесува до разликите во текстот што го потпишаа во Москва и Тбилиси, Бернар Кушнер тврди дека проблемот бил во преводот. Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија на 26 август исо тоа создаде квалитетно нова ситуација во решавањето на проблемите на Кавказот.

 


Статијата е прочитана 513 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството
Зденко
Бесланските гробишта како опомена
Црвенковски е инфузија, но не и терапија за СДСМ
Македонија одбележа 17 години независност и самостојност
Струен удар
Лифтот на Милениумски крст пуштен во погон
Струјата поскапува за 16 отсто, за најсиромашните социјални пакети
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Враќање на шешељизмот
Брановите на Кондратјев
Наместо за учење, компјутерите во училиштата служат за украс
Вербатим
На Кораб се искачија рекордни1.700 планинари

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.