Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Наместо за учење, компјутерите во училиштата служат за украс

Компјутерите кои Владата ги инсталираше во средните училишта се користат само за сурфање на Интернет

Жаклина Хаџи-Зафирова


Новите компјутери кои беа инсталирани во средните училишта како дел од проектот „Компјутер за секое дете“ наместо за наставни содржини, се користат за сурфање на Интернет, тврдат првите луѓе на средните училишта. Нема кој да ги користи компјутерите за тоа што се наменети, бидејќи според директорите, за програмите не се обучени ниту наставниците, а ниту учениците.

Училиштата се' уште ги чекаат компјутерските софтвери за наставните содржини по секој предмет, кои надлежните им порачале дека ќе се обидат да ги добијат до идната учебна година. Во меѓувреме, компјутерите седат неискористени на клупите, кои и онака, според вработените на училиштето, се тесни и само дополнително им создаваат проблеми во наставата.

Но, ова не се единствените проблеми со кои се соочува Министерството за образование и наука, кое доцни со повеќе проекти во стартот на учебната година.

Средните училишта годинава добија компјутери како дел од проектот „Компјутер за секое дете“, но тие, како што посочуваат директорите, се неупотребливи, иако раководниот кадар во училиштата се плаши отворено да зборува за проблемите со кои се соочуваат.

„Програмата според која работат компјутерите е ’линукс‘, но него не го познаваат ни наставниците, а ни учениците кои им дозволуваме да сурфаат на Интернет колку за да не стојат мртви машините. Ни најавија дека ќе ни ги сменат и клупите кои не се наменети за овие компјутери и кои се претесни за машините, па децата немаат каде да ги стават и тетратките на кои запишуваат“, вели директорот на едно скопско училиште, кој инсистираше да остане анонимен.

И во друго скопско училиште имаат слични тешкотии, но затоа го забраниле влегувањето на Интернет за учениците за да не се злоупотребуваат компјутерите кои велат дека треба да се користат само за пренесување на лекциите кои ќе треба да им ги изготват наставниците.

Од Министерството за образование велат дека во тек е набавката на нови маси и столчиња за компјутерите. Од Министерството за информации, пак, појаснуваат дека обуки за наставници се планирани во октомври, а подготовката на програмите за користење на наставните содржини е обврска на УСАИД.

Деновиве збрки се создадоа и со другите погодности кои ресорното министерство ги најави за средношколците, како што се бришење на партиципацијата и бесплатниот превоз. Се доцнеше со најавите за условите под кои годинава ќе се запишуваат сред��ошколците, а кои надлежните ги разјаснија дури четири дена по стартот на учебната година кога излегоа со конкретен став дека од годинава нема партиципација за средношколците. Бидејќи не го знаеја тоа, дел од учениците ја платија во училиштата годишната давачка за упис.

Министерство за образование е на мака и како да се справи со оние деца кои не се запишале во средното образование кое од оваа година станува задолжително. И покрај заложбите на Владата да се постигне стопроцентна опфатност во средното образование, се покажа дека околу 2.000 деца воопшто не се запишаа на училиште од разни причини, иако законските казни се 1.000 евра. Во Министерството се' уште се надеваат дека само мал дел ќе останат незапишани.

Проблеми имаат и основците. Се' уште нема учебници за шестоодделенците кои годинава стартуваат по нова програма, а разочарани се и родителите на петтоодделенците кои годинава треба прв пат да се запознаат со предметите веронаука или запознавање со религиите. Тие се во паника, бидејќи се' уште немаат претстава како ќе се одвива наставата по овие предмети зошто им било кажано дека учебниците ќе доцнат, а не се знае и дали ќе има доволно наставници. Затоа родителите се прашуваат дали проектот ќе се одложи за в година.

Министерот за образование и наука Перо Стојановски најави дека привршуваат со собирање на анкетните ливчиња, а од понеделник ќе се знае колку наставници ќе бидат ангажирани за веронаука. Со последната анализа од обработени 93 отсто анкетни ливчиња околу 12.000 основци се изјасниле дека сакаат да учат веронаука, а околу 7.000 сакаат да го изучуваат предметот запознавање со религиите.

 


Статијата е прочитана 1475 пати.

Испрати коментар

Од: Доста
Датум: 09.09.2008 00:27:58
??????????.Абе аман шо збориш?Па нели големи народни пари се потрошија?
Од: Stanko
Датум: 09.09.2008 01:09:42
Kako moze da instalirale OS linuks koga 99% od ucenicite prvpat slusaat
Од: straso
Датум: 09.09.2008 06:25:18
Pa sigurno deka ke se bunat nekoi nastavnici.Mnogu e jasno ne deka ne go zanaat Linux no ne ni znaat ni na kompjuter da sedant. NIkogas n ne go upotrebuvale.Sekako deka ovaa novost nema da im godi zasto ke se pokaze deka nemaat vrska od segasniot zivot.Uste se so skolo od komunizmot. Na komentarot deka nemalo mesto za tetratki i knigi.Mozam da kazam deka se smesni pa zast ti e tetratka koga imas kompjuter koj mozes da pisuvas pecatis i tn. Tuku sto da se ocekuva od vas.
Од: makedon
Датум: 09.09.2008 07:06:35
Kompjuter za sekoe dete zarem i ova ke se kritikuva.Se prasuvam so stonieke stanime kunkurentni na razvieniot svet!So stopanski dejnosti, imame ograniceni resursi,vo sportot sme delumicno slabi edinstveno ni ostanuva samo ucenjeto(naukata),samo znaenjeto nikoj ne mozi da ni go zemi.Podrzete gi ideite i ne ohrabruvajtegi priucenite profesori na koi mu smetaat sovremenite nagledni srestva za rabota.Uspehot, aku navistina se zafatat seriozno so rabota site subjekti koi go socinuvaat obrazovniot proces ke sledi za 10 do 15 godini a togas ke nastapi procesot na nezapirlivos vo progresot na pojavata na dobri informaticari i programeri.
Од: ??
Датум: 09.09.2008 08:00:55
Компјутерот е само алатка. Многустрана и моќна, но сепак само алатка. Нешто како мотика или пенкало. И од двете може да се живе, но истите бараат работа, пот, креативност, воља, радозналост. .. се прашувам кого ќе обвинат тие што треба да ги користат алаткиве за недостаток на креативност и неработа? Владата крива нели?
Од: majka
Датум: 09.09.2008 08:48:08
Se prasuvam, ke moze li barem koga se raboti za decata da nema vakvi paradoksi. Vtora nedela kako decata odat na uciliste, a haosot nikako da zavrsi. Vaka li ke odime napred bre? Novi ucebnici za sestooddelencite!? Sto li novo ke sodrzat tie?Nova matematika li ke se izmisli ili sto drugo ke se izmeni. Ova e uzasno, kupete posle eden mesec (citaj posle tri) novi ucebnici za sesto oddelenie, a demek dogodina ke se besplatni. Sto pravime so tie roditeli koi kupile lani novi knigi za sesto za da moze bratceto ili sestriceto slednata godina da si gi iskoristi i da ne se sozdavaat dvojni trosoci. More mnogu miren narod sme, decata ni gi napravivte eksperimentalni gluvci. De novi modeli na ocenuvanje, de novi knigi, de kabli po podot za famoznite vi kompjuteri, a pak drugo prasanje e kade decata ke gi stavaat tetratkite za da pisuvaat na niv, najverojatno vo skut ke gi drzat, a pak ako treba i ucebnik da se otvori, pa nekoj pribor po matematika, po likovno... Teski gluposti,alal da vi e
Од: Kumanovo
Датум: 09.09.2008 09:23:25
Kerka mi uci vo uciliste kade namesto staklo naprozorec decata si zakovale najloni.Koga odi na uciliste brza da stigne prva za da si zafati stolce, zosto nema dovolno stolcinja za sekoj ucenik. Sin mi odi vo drugo uciliste kade seuste nemat vovedeno parno greanje, se great na kumbeti, a na podot redat kartoni za da gi pokrijat dupkite za da ne se sopnat koga se dvizat. Da ne gi spomenuvam pak sanitarnite cvorovi, a Vie tuka zboruvate za kompjuteri za sekoe dete.
Од: Кокино
Датум: 09.09.2008 09:44:05
Па нормално дека се порачани нови клупи... од некоја партиска фирма... а компјутерите се супер за деконцентрација на учениците. Инаку... наставните програми кои ќе се работат на компјутерите ќе стигнат дури вгодина. Една година уживанција на web за учениците...
Од: kumanovka
Датум: 09.09.2008 10:26:03
Во Куманово во СДУ,,Наце Буѓони,, почна школската година .Учениците стојат,се погледаат со професорите по 15 минути,ниту имаат врати ,ниту имаат прозорци.Од сите страни ветрови.Нема ни столчиња,а кога ке се намонтираат компјутери,оваа година ,па поточно ова тромесечие не ми е јасно колку ќе трае и како ќе ги оценат.Уште немаат распоред ниту една книга немаме купено,не се знае од штѕо ќе се учи.Второто дете ми е во ОУ,и тоа нема книги за шесто одделение.Како ќе ги оценат овие деца?Го прашувам Министерот колку по нивните програми треба да трае тромесечието?Децата ќе се шетаат со ташни по кабинети.Знаци децата во училиштата одат за професорите а не професорите за да ги учат децата.ЕПА АКО НЕМА ДЕЦА ВО ПРАЗНИ УЧИЛИШТА ;ПРОФЕСОРИТЕ БИ СИ СЕДЕЛЕ ДОМА,И БИ БИЛЕ ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ;КАКО МНОГУ ВРАБОТЕНИ ОД КУМАНОВСКИТЕ ФАБРИКИ.ХАОС ВО ОБРАЗОВАНИЕ__СРАМОТА
Од: vasil
Датум: 09.09.2008 10:35:40
Ako ne mu dades kompjuteri, se zalat, daj mu kompjuteri pak se zalat, masite krivi mu bile. A koga ke donesat masi ke recat tastaturite na kompjuterite se golemi, pak nema da mu cini nesto. A oti nikoj ne veli za NESPOSOBNOSTA za se na nastavnicite?????
Од: Bubo
Датум: 09.09.2008 10:47:02
Приказната „компјутер за секое дете“ е уште еден неуспешен чекор од стоте чекори на владата. Се пробија роковите за набавка, се проби финансиската конструкција, училиштата не беа спремни ни просторно ни кадровски да опслужат толкав број на компјутери, а настрана што во многу училишта немаше ни каде да се приклучат компјутерите. Тек кога ќе помине гаранцијата колку ќе го кошта образованието самото одржување на компјутерите. Многу поефикасно беше во секое училиште да се опреми барем по еден кабинет по информатика со современи компјутери, каде што учениците во тајните на информатиката и комјутерите ќе ги воведува информатичар кој си го знае занаетот.
Од: Dragan
Датум: 09.09.2008 11:04:57
Kako prvo kompjutrite se so Edubuntu - linux bazirana OS, taa e nameneta za edukacija so nea eden ucenik moze da nauci se sto mu e potrebno programiranje, office, grafika, web dizajn, internet se, toa sto nema koj da predava e drug problem :). Zatoa vinata ne ja prefrlajte na drugi tuku gledajte sami da gi resite problemite. Pozdrav Dragan
Од: Toni
Датум: 09.09.2008 11:40:40
Aj da gi testirame prvite lugje od Ministerstvoto za obrazovanie kolku tie imaat poznavanja od kompjuteri pa,i od Windows i od Linux. Blage veze nemaat a sakaat da izigruvaat inovatori vo skolstvoto. Samo tuka prost narod ima sto ne znae kade go vodat nekoi si slepci.Tie zagrizenite braniteli na sekoj vladin proekt neka kazat kolku niv gi biduva za Linux,pa neka kazat kako znaenjeto moze da bide mok koga so nego upravuvaat najnepismenite vo drzavata.Dve recenici ne znaat da svrzat,a toa sto sedat na za niv nesoodvetno visoki funkcii,go "zasluzile" samo so partiska privrzanost i poltronstvo...
Од: Valentina
Датум: 09.09.2008 11:41:18
Ne mi se veruva kako znaeme vo sekoja prigoda i po sekoj povod da sme NEGATORI, ne negativni, tuku negatori. Ednas ne uspeavme da pozdravime nekakov napor ili bilo kakva promena - Makedonija bila na dnoto na zemji korisnicki na Internet - e sega kopjuterite bile za ukras i da ne segat neiskoristeni " im dozvoluvame da surfaat" ...sramota, ne sekoj ima doma kompjuter, ne sekoj Internet pristap,... Zabluda e ako mislite poinaku, zosto koga ke dojdat na fakultet mnogu jasno se dobiva sliga na preuvelicano znaenje na jazici ili poznavanje na kompjuteri... Prestanete veke ednas se da negirate, za promena nekogas i pofalete...
Од: Vesna
Датум: 09.09.2008 12:09:38
Ajde Valentina,kako sto velis,nesto i da pofalime; prva ideja sto mi padna e da gi pofalam kriteriumite za vrabotuvanje i za upis na studenti na stipskiot "univerzitet".Za da ne bide demagoska raspravata eve ti link i tebe i na site apologeti na vlasta pa,iskoristete go svojot intelektualen potencijal da osoznaete sto vsusnost se slucuva so naseto obrazovanie !? Poglednete samo so kolkav broj na poeni se vleguva na ovoj univerzitet. Se sto ke se prijavi - se ke se zapise; nema nikakva selektivnost nitu kriteriumi. http://upisi.ugd.edu.mk/content.aspx?MajorId=22
Од: verag
Датум: 09.09.2008 13:38:53
нe mo\e da se reцх;e deka ima negatori,a pritoa da se negira deka ima наспроти нив и луѓе што некритички прифаќаат и фалат се што е од власта. Очигледно е дека овој чекор на власта е избрзан а тоа што наставниците не се спремни за компјутерка надтава,секако дека од министерството морале да го знат ова и да превземат чекори да се надмине.на време требало да организираа настава и обука, за наставниците ,а како што за подобар стандард и зголемување на вработеноста чекаме веќе три години,и овој чекор на владата можел да оди постепено .Прво да се опреми по една или повеќе училници,зависно од големината на школото. Но оваа влада нема капацитет за подолгорочно планирање,кај неа се оди стихијно,само во интерес на подигање на популарноста на Гуевски.
Од: Ucenik
Датум: 09.09.2008 13:54:56
A sto da kazeme nie od korcagin? Kaj nas ne ni davaat da gi vklucuvame kompjuterite. A profesorite vrska si nemaat od koristenje na kompjuter.
Од: Ace
Датум: 09.09.2008 14:19:59
Pa frlija 30 milioni evra za kompjuteri sto ne gi koristat. Dodeka da naucat da gi upotrebuvat ke zastarat. No za toa na fakultetite kade se potrebni imame kompjuteri od minatiot milenium. Grujo go biva samo za populizam. Normalno deka ke ima Linux bezpari e!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството
Зденко
Бесланските гробишта како опомена
Црвенковски е инфузија, но не и терапија за СДСМ
Македонија одбележа 17 години независност и самостојност
Струен удар
Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија
Лифтот на Милениумски крст пуштен во погон
Струјата поскапува за 16 отсто, за најсиромашните социјални пакети
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Враќање на шешељизмот
Брановите на Кондратјев
Вербатим
На Кораб се искачија рекордни1.700 планинари