Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Струен удар

Мирче Јовановски

Граѓаните доживеаја уште еден удар, овој пат струен, иако засега, по се' изгледа, се поштедени од целосен шок. Владата (како во секој добар соцреалистички филм) ќе се погрижи поскапувањето за граѓаните да биде подносливо, што во превод значи 15-16 отсто.

Иако многумина се прашуваат од каде и' се на Владата информации кога надлежната Регулаторна комисија е независна во одлучувањето (и уште се нема произнесено), ваквата најава доаѓа како олеснување по шокантната вест дека државната ЕЛЕМ бара зголемување од цели 40 отсто. А, токму цената на ЕЛЕМ е основа на која подоцна се надградуваат и цените на МЕПСО и на ЕСМ, односно на синџирот кој завршува кај крајните потрошувачи - граѓаните.

Во економијата отсекогаш важело правилото дека нема бесплатен ручек. И овој пат се покажа дека одложувањето на решавањето на проблемите не е најсреќно решение. Што значи ако некогаш можеше да се помине со (незабележливо) поскапување од два-три проценти, сега и 16 отсто се малку да се покријат наталожените проблеми во електроенергетскиот сектор.

Тоа, пак, значи дека сметката кога-тогаш ќе биде испорачана. Познавачите знаат дека таа и сега се плаќа иако на посуптилен начин, преку Буџетот, кој се полни од давачките кои ги плаќаат сите, и граѓаните и фирмите.

Најавите дека се подготвуваат социјални пакети се добар амортизер за социјално загрозените семејства, кои ги има се' повеќе во нашата земја. Но, многумина ќе се согласат дека водењето економска политика која ќе обезбеди работа и приходи доволни за плаќање на зголемените сметки е многу поцелисходна од онаа која ја става Владата во улога да гаси социјални пожари.


Статијата е прочитана 664 пати.

Испрати коментар

Од: slav
Датум: 09.09.2008 00:14:30
Dali pravilno ke se rasporedat socijalnite paketi i dali imame "skala" za toa?!
Од: mane
Датум: 09.09.2008 04:43:54
Реално или не струјата ќе поскапе. Но дали е реално телефонските услуги да се двапати поскапи од струјата, тоа никој не го споменува.Порано беше обратно. За производство на стуја треба големи инвестиции, вода, јаглен, а за телефонот готова струја, која телеком ја препродава дупло, односно повеќе кратно. Па погледајте тие делат дивиденда, а електростопанство нема пари за одржување на објектите, а за дивиденда ќе почекаат. Па кој го молзи македонскиот народ? Кој ќе стигне и со благослов.
Од: Спектатор
Датум: 09.09.2008 10:21:53
Овој текст има само една цел: да се критикува Владата. Инаку авторот не изнесува аргументи дека струјата не треба да поскапи, затоа што такви, едноставно, не постојат и сите економски резони и ценовни и вредносни релации и соодноси наметнуваат неопходност од повисока цена на струјата. Сосема друго прашање е дали е подобро да се оди со почести помали зголемувања на цената или пак тоа да се прави по подолг период со осетно зголемување. Авторот на текстот практично го одобрува зголемувањето на цената и како добар економист почесно е да го каже тоа јасно а не да наоѓа некакви закачки за зависност или независност на Регулаторната комисија, на објективност на социјални пакети и слично.
Од: КУМАНОВКА
Датум: 09.09.2008 10:33:54
Струјата ќе поскапи-наздравје нека ние.Социјалците ќе ги помогнат.Знаци економијата од Програмата на ВМРО,Преродба во 100 цекори никаде ја нема.Колку што знам премиерот е економист,а од економија ни буквата ,,Е,, ја нема започнато.Социјална дрзава ли ќе прави.Па најлесно е со социјалци,и со гладни луѓе да имаш рејтинг како што го има Груевски.Нека продолжи така не да не затвори во сопствените Македонски граници,туку ќе не затвори и по своите домови,бидејќи без пари нема зошто да ислехуваме,а и работа немаме,па можеби и на ламби на гас ке седиме.
Од: Mene
Датум: 09.09.2008 11:45:47
Ако, ако. Само малку е и 60% да се покачи цената на струјата. На овој народ пак нема да му дојде памет и пак на следните избори ќе гласа за преродба во 100 чекори
Од: Bastion
Датум: 09.09.2008 12:58:17
eve kako nasata mila em draga vlada ni go cestita 8mi sepremvri(denot na nezavisnosta) so poskapuvanje na strujata,samo takticki i ovaj pat:prvo ne isplasija so 40% poskapuvanj,za da posle ovie 16% ni izgledaat kako beznacajno poskapuvanje-epa neka ni e cestit 8mi Septemvri,i da se nadevame deka naredniot 8mi Septemvri(na koj slavime polnolststvo(18godini)) ke go docekame bez ovaa prerodba
Од: citatel
Датум: 09.09.2008 14:11:28
Strujata ke poskapi a toa go znaevme i porano. Ne znaevme samo kolku. Nesto drugo bi sakal da kazam. Nevkusno e makata na siromasnite da se koristi i na nea da se obiduvas da dobies poeni. Tokmu toa se obide da go napravi premierot koj rece deka i pokraj toa sto Elem bara 40 procenti, Vladata toest toj ne dava i ke ima samo 15 procenti pokacuvanje. Pa lugje moi sekoj normalen covewk vo zemjava znae deka Cingovski (Elem) ne smee da odi ni po mala nuzda bez odobrenie od Gruevski. Nekolkudnevnoto bombardiranje so 40 procentni baranja bese samo nacin da se promovira Gruevski kako spasitel. Demek nema tolku tuku pomalku. A sporedbata koja na mediumite ja dadoa so pokacuvanjata vo poslednive dve godini vo naseto opkruzuvanje e samo seenje magla. Videte za ovie dve godini kalku se pokaceni platite vo istite tie zemji, pa ke doznaete deka nasive 15 procenti se vsusnost i najgolemo realno optovaruvanje na gragjanite.
Од: jovan
Датум: 09.09.2008 15:03:11
Uste pogolemi i postrasni udari ni prestojat narode. Da e samo strujava dobro ke e, no ima mnogu mnogu pogolemi problemi koj doprva ke ne udrat i toa dobro. Prasanje e dali voopsto i ke gi izdrzime. Ni preti dvacija. Narodna Banka na veliko im nudi na bankite kamati od 7% za blagajnicki zapisi,neznam samo do koga ke go izdrzi toa. 7% nikoj ne nudi vo stranstvo kamata, a ovde bankite se polnat so drzavni pari od kamati sto im gi plaka Narodnata banka. Ova nema da moze dolgo da se izdrzi ke se odrazi i na deviznite rezervi. Strasno nesto ne ocekuva esenva, ama Grujo ic ne mu cue nudi se i svasta i toa besplatno. Te paketi socijalni te proslavi besplatni, te subvencii, ova i seik da bese pa nemase da izdrzi. Katastrofata se blizi. Plus problemi so imeto ,ne e cudo i da se raspadne drzavava.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството
Зденко
Бесланските гробишта како опомена
Црвенковски е инфузија, но не и терапија за СДСМ
Македонија одбележа 17 години независност и самостојност
Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија
Лифтот на Милениумски крст пуштен во погон
Струјата поскапува за 16 отсто, за најсиромашните социјални пакети
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Враќање на шешељизмот
Брановите на Кондратјев
Наместо за учење, компјутерите во училиштата служат за украс
Вербатим
На Кораб се искачија рекордни1.700 планинари

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.