Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Да се тегнат за уши родители на проблематични деца

Родителите чии деца покажуваат слаби резултати во учењето, учествуваат во тепачки и во други форми на насилство или се недисциплинирани треба да бидат упатени на советување од стручни лица. Вака се изјасниле дури 80,1 процент или 889 од испитаниците во анкетата што била спроведена за потребите на Министерството за образование и наука. Негативно мислење за т.н. родителска школа, пак, имале само 14,2 проценти од анкетираните.

Овие податоци вчера ги презентираше самото Министерство за образование, од каде што посочија дека анкетата ја спровел Институтот за политички истражувања – Скопје од 18 до 19 декември година. Со анонимната телефонска анкета биле опфатени 1.100 испитаници.

Според сондажата, најголем процент од граѓаните сметаат дека треба да се забрани непотизмот на високообразовните институции, но и дека државните универзитети треба да дадат отчет за тоа како се трошат парите од школарините.

За проектот за реорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на пет универзитети позитивно се изјасниле 37,4 проценти, негативно 32,3, додека не знаат или немаат одговор 30,4 проценти од анкетираните.

На прашањето, пак, дали треба да се воведе екстерна евалуација во високото образование, 79 отсто одговориле позитивно, а 11,7 проценти се изјасниле дека не е потребно тоа. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 874 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 28.12.2010 13:02:44
Pa do skoro vreme se zalagavte decata da ne se "tegnat za usi" bidejki, neli, toa ne bilo demokratski, od kade sega pa vi tekna roditelite da gi "tegnete" za usi. Nego batalete go toj zapad, i vratete go stariot dobar kotek kako najdobro sredstvo za vospituvanje na deca. Pomalo zlo e kako mal da dobie nekolku slakanici, otkolku kako vozrasen cel zivot da bide delikvent.
Од: kaktus
Датум: 28.12.2010 13:13:48
Што ќе се евалуира од сегашното високо образование. Купените дипломи? Испити положени како возачки испит.... со заокружување на еден од 3 понудени одговори? Испити засновани на квиз-систем? Неможиш да вршиш евалуација на нешто девалвирано!!!!!
Од: BILJANA
Датум: 28.12.2010 13:40:11
Se slozuvam so Jovan
Од: Трпе
Датум: 28.12.2010 15:56:59
Нормално кога имаме деца кои сии играт власт,на родителите да им бидат тегнати ушите.
Од: јас (Прилеп)
Датум: 28.12.2010 16:26:37
Во тој случај на овчарот ќе му „падне “ раката од делење „воспитни“ на оној со репчето !!
Од: mimi
Датум: 28.12.2010 22:16:12
Pa site ne mozat da bidat ministri koj ke raboti grozje i tutun bes pari za ministrite da si go ziveeat zivotot zabe i em skolo koga nemaat nikakva kultura i ponasanje ne e samo minister da bides

Најди! во Утрински
Втора страница
Куполи за пратениците
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Вербатим
Македонските амбасадори на брифинг во Скопје
Само една третина се надева на среќна Нова 2011
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks