Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Македонските амбасадори на брифинг во Скопје

По едногодишна пауза, утре во Домот на АРМ ќе се одржи Дипломатски совет на кој треба да присуствуваат македонските амбасадори, но не сите четириесетина туку само тие што за празниците дошле во земјата.Според неофицијални информации од Министерството за надворешни работи, во согласност со вообичаената практика на работниот состанок ќе се слушне се' она што го постигнала македонската дипломатија во годината што изминува, ќе се разменат информации, но и ќе се договара стратегијата за идната година.

Цел на Советот е да се слушне од прва рака за приоритетите што се од интерес на земјава и да се добијат инструкции како да се дејствува за нивно остварување. Состанокот ќе го води шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, а подоцна дипломатите ќе имаат одделни средби со премиерот Никола Груевски и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, средби за кои вчера се' уште се чекаше потврда од нивните кабинети.

Лани, неодржувањето на Дипломатскиот совет беше критикувано од стручната јавност како несериозен потег, а објаснувањето на МНР беше дека тоа чини многу пари, па како мерка на штедење тој беше „прескокнат“. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 801 пати.

Испрати коментар

Од: gore
Датум: 28.12.2010 12:28:37
Videl li nekoj dosega nekakva korist ili doprines na pliticki ili na ekonomskiplan za drzaviceto od ambasadorite. Site licat na mutavi profiteri i se molat sto podolgo da bidat nadvor od zemjiceto. Mozebi tie bo USA, no od tam nema nekoja dobra vest..
Од: b
Датум: 28.12.2010 12:36:11
Прво, има ли некој кој може било што да им каже. Второ, ако сепак, некој нешто и им каже, кој од нив ке го разбере и запамти?
Од: Професорка
Датум: 28.12.2010 12:41:03
А кој кого таму нешто ќе го брифира? Нека го пуштат пионерчето Влатко Ѓорчев да им каже како да “сечат“ и лево и десно. Тешко нам со неписмени и полуписмени.
Од: Репац
Датум: 28.12.2010 16:47:25
Има кој да ги подучи,Репчето ќе им држи настава!И сигурен сум дека брзо учат,оној „поштарот што ѕвони еднаш“,веднаш сфати што е „тамам“
Од: zoran
Датум: 28.12.2010 19:16:21
llani ne odrzuvanje na diplomatskiot sovet bese kritikuvano od strucnata javnost,ova godina pak ke bide kritikuvano od strucnata javnost koga ke vidat so kogo se ke imaat sredba diplomatite
Од: Cifte camce
Датум: 28.12.2010 23:59:12
Dali i onaj siromav postar kogo so sila VMRO go pravi super diplomat( Guevski kaza deka imal zavrseno angliski jazik i znael da koristi kompjuteri) ce bide na brifingot? Tamam bez nego djanum takov djeleb ne go lici, a z da dokaze de ka go hiva za ambasador4 vo turcija ubavo e da izigra i edno cifte camce , tursko oro ubavo.

Најди! во Утрински
Втора страница
Куполи за пратениците
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Вербатим
Да се тегнат за уши родители на проблематични деца
Само една третина се надева на среќна Нова 2011
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks