|
|
|
|
|
|
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Информациите дека Цаноски ќе го преземе менторството врз А1 за синот на пратеникот се шпекулации
Горан Адамовски
Генералниот менаџер на ФОН и син на пратеникот Фијат Цаноски, Сефер Цаноски, ги нарече шпекулации информациите дека семејството Цаноски ќе го преземе менторството врз А1 телевизија по апсењето на сопственикот Велија Рамковски.
Во изјава за нашиот весник, Сефер Цаноски, кој му е зет од ќерка на Рамковски, тврди дека нивната грижа и натаму е ФОН и ништо друго. „Најнапред, да укажам дека Велија Рамковски не е осуден, така што тој останува сопственик на телевизијата. Не се точни ниту муабетите дека нашето семејство ќе се грижи за вработените во А1, во смисла да им исплаќаме плати и слично“, уверува Цаноски. Според него, семејниот бизнис што го имаат сега не им дозволува влез и на други места, односно во други дејности.
Според одредени шпекулации, пак, што можеа деновиве да се слушнат меѓу вработените во телевизијата, платата за ноември, односно сумата на која се пријавени, ќе им била исплатена до крајот на годината, а наводно, за пари ќе се погрижел Цаноски.
Главниот уредник на А1, Младен Чадиковски, во вчерашната изјава за „Утрински“ не сакаше да ги коментира овие шпекулации.
Одделни аналитичари, кои бараат да останат анонимни, не ја исклучуваат можноста телевизијата да биде понудена на продажба, се разбира, доколку се најде сериозен инвеститор што би можел да ја плати соодветната цена за етаблиран медиумски бренд на македонскиот пазар, како што е А1. Сепак, ваквите можности засега остануваат целосно во зоната на шпекулациите.
Во меѓувреме, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги одби жалбите на тројцата осомничени во акцијата „Пајажина“, на кои им е одреден едномесечен притвор. Поранешниот и сегашниот директор на А1, како и управителот на „Време ЕЧ“ и печатницата „Мисирков“ остануваат во затворот „Шутка“. Адвокатите поднесоа жалби единствено за овие тројца осомничени, додека за останатите решија да не се жалат на одлуката на истражниот судија, со објаснување дека и онака не би била донесена објективна и законска одлука, а со жалбите само ќе стагнирала истрагата.
Како што дознаваме, на сите 14 притворени во оваа афера вчераутро им бил извршен лекарски преглед, кој покажал дека тие биле во добра психофизичка состојба. По нивниот влез во затворот во Шутка, бил направен план и распоред кој со кого ќе ја дели ќелијата.
„Ставени се во простории за двајца или тројца, а многу мал дел од нив престојуваат во ќелија за четворица“, велат нашите извори од Министерството за правда.
Во Министерството за внатрешни работи, пак, и натаму трагаат по синот на Рамковски, Хеди, кому во отсуство му беше одреден притвор од 30 дена. Се проверуваат станови, за кои постои сомневање дека се криел.
Вкупно 23 лица се осомничени во акцијата „Пајажина“, во која надлежните разоткривале криминал во фирми поврзани со Рамковски, кој според нив бил тежок неколку милиони евра. Притоа, овие фирми избегнале да платат данок во висина од четири милиони евра. Пријави заработија и десет фирми на „Перо Наков“. Како што соопшти МВР, тие ќе одговараат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување, оштетување или повластување на доверители, повреда на правата од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, како и спречување на докажување во периодот од 2006 до 2010 година. (Г.А.) |
#
|
Статијата е прочитана 6224 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 28.12.2010 12:15:29 |
|
A1 e opstoji i bez nekoi dobrodusnici (spekulacii), no dali, vo dogedno vreme ke opstojat nekoi drugi elektronski mediumi, se somnevam. Objektivnosta e zaboravena, vzesteni glavi, nie sme-vie ne ste, pa do koga se glupirame, tuka i vo svetot |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 28.12.2010 12:23:04 |
|
Кој и да ја земе А1 мора да ја одржи истата уредувачка политика. Инаку нема да гледаме пропаганди на Владата. Тие премногу ги има. А1 е единствена нормална телевизија. За да се одржи требаат вистински “мажи“, а не подлизгурковци. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 28.12.2010 12:50:41 |
|
Ако се продаде а1 стапува на сила Мрак на Демократијата во Македонија.Но не верувам пошто ја Слушнавме Госпоѓа Рамкоска дека а1 не била за продавајне. |
|
|
|
|
|
|
Од: KAMENICA |
Датум: 28.12.2010 13:36:23 |
|
Ne smee Canovski da ja prezeme A1,zasto moze da go stigne rakata na Causevsku |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek |
Датум: 28.12.2010 14:25:11 |
|
Najpametno da ja prodadat,inaku samo ke tonat.
Zabelezetegi samo vestite(koj bea najsilniot adut vo A1 ostsekogas),sega se obicna pomija koja samo napaga,a ne izvestuva. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 28.12.2010 14:50:45 |
|
Edino sto gledam vo posledno vreme e televizija A1. |
|
|
|
|
|
|
Од: lovec |
Датум: 28.12.2010 15:19:29 |
|
Gi citam komentarive i prosto se cudam kolku zaslepeni luge ima vo Makedonija koj plukaat po vladata i ja branat A1....Pa dragi moi ovde stanuva zbor za danocno zatajuvanje, pa i vo samiot tekst na Utrinski se veli citiram: Според одредени шпекулации, пак, што можеа деновиве да се слушнат меѓу вработените во телевизијата, платата за ноември, односно сумата на која се пријавени, ќе им била исплатена до крајот на годината, а наводно, за пари ќе се погрижел Цаноски. .Sto znaci sumata na koj bile prijaveni znaci eve danocno zatajuvanje....drugo dali nekoj se prasal od kade se site tie jaki evra denari dolari i sto uste ne najdeni vo kancelariite...Dali nekoj od vas se prasal dali e normalno da se proizveduva SMOKI bez dozvola i pritoa toa da e nameneto za DECATA i se vo ime na profitot..Se prasuva li nekoj zasto Ramkovski imal tolku dolgovi i blokirani smetki a pritoa rabotel turbo. Dali zaboravivte deka toj ist Ramkovski duri ukrade od Amerite i gi zaeba Dosta so velicenje na kriminalot |
|
|
|
|
|
|
Од: lopuza |
Датум: 28.12.2010 15:38:05 |
|
Abe ubavo e vaka da se pravi muabet ama a1 odamna e instrument na Velija za pravenje na pari vo duKancinjata. Covekot si imal grevovi sto si gi pokrival so televizijata pa ubavo sto branite demokratija ama da go branite Velija toa e ludost |
|
|
|
|
|
|
Од: Toronto |
Датум: 28.12.2010 16:26:35 |
|
Navistina Velija nee osuden. Treba da se poceka do negovata presuda, Togas treba da se vidat vistinskite raboti.Sto me maci sto tolku aramii okolu placat i pstat i znaale deka nekradel samo toj. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 28.12.2010 16:37:46 |
|
Me interesira, od kade A1 ja proglasivte za najdemokratska televizija?
Zosto site temi na A1 e "Vladata ja napagja A1" koga ubavo kazaa deka lugjeto zatvoreni se vo vrska so mnogu projnite komapanii vo sopstvenost na Velija, koi sto se koristele za perenje na pari.
Ako se tolku obejktivni i demokratski mozea tolku vreva da digaat koga osuduvaa i zatvaraa drugi lugje pred i Velija.
Isto mozat da go smenat naslovot na nivnata statija da zvuci "Vladata ja napagja fabrikata za smoki na Velija" |
|
|
|
|
|
|
Од: vasil |
Датум: 28.12.2010 17:56:40 |
|
Bash koj e ovoj Ramkovski? Tsudna familija ima, site se obvrzani so ovoj slutsaj. Ako nekoj ne plakja danok vo sekoja drzava vo EU, ne vazi koj e gazdata na taa firma ke odi vo sud. Jas mislam deka povazni se interesite na Makedonia, odkolku ovoj tsovek i temnite firmi. Takvi figuri ne treba da igrat znatsitelna uloga. Neka funkcionira A1, ama neka gi plati danocite. |
|
|
|
|
|
|
Од: dani |
Датум: 28.12.2010 17:59:27 |
|
Gi pozdravuvam site vraboteni vo A-1- televizija da izdrzat, taa e ednistvena televizija koja e realna i toa sto ke go slusnes ke veruvas deka e vistina.Znam deka site se potreseni od site slucuvanja vo poslednite 30-setina dena ama toa mora taka da bide. Pravoto vazi za site pa i za nivniot gazda i ostanatite vo involviranite firmi. Ama ureduvackata politika na A-1 ako ima moznost da prodolzi so istoto tempo, so vistina i nepartiski nakloneta ke uspee mozebi so prepreki ama izdrzete. A ne kako Sitel, ne mi se gleda od Latas koj sekoja vest ja komentira kako toj da vlast,gazda,sudija,izvrsitel zosto UJP nr otidat tamu da proverat kolku Zingo dolzi na drzavata, kulku Sileks im plaka i sto im plaka na vrabotenite, Ili Kanal-5 emisiite na Milenko samo razdor i napnatost pravat megju obicnite lugje ama so blagoslov na Vlasta tie dvajca ubavo velat od nesto mora da ziveat pa gazat se pred se i sirat lagi pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin opredelen |
Датум: 28.12.2010 18:41:50 |
|
Denes sostojbata e takva sto ako ne gledas A 1 ne mozes da razberes sto vsusnost se slucuva.Drugite ili se megafoni na vlasta ili kazuvaat nesto zakukuljeno zamumuljeno....ko bajagi samo informiraat , ne komentiraat. |
|
|
|
|
|
|
Од: hirurgot |
Датум: 28.12.2010 18:42:46 |
|
A1 TV mora da se transformira i da bide realna TV od koja gledacite baraat realni vesti i dobra programa .Da se otpustat podlizurkovcite i da se vrabotat sovesni i nekorumpirani novinari.Bagrata od korumpirani i zaplaseni novinari da se smeni so "pravi" nepokoleblivi profesionalni novinari.A ovie dosega i vo drugi TV kuki nema da projdat dobro,tie se takvi po karakterot i genot.Pozdrav. |
|
|
|
|
|
|
Од: Факт |
Датум: 28.12.2010 18:55:10 |
|
А1 е најдобрата телевизија! Истовремено поддршка за борбата против криминалот. На ред е СИТЕЛ,... |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 28.12.2010 20:15:57 |
|
Драги наши граѓани.Колкава ли била голема цената на Рамковски,тој торбеш,смокар,дучанџија.Ептен голема.А што бравче било исто така.Блазе си му ќе оди право во рајот заедно со Исус,кои ги собраа гревовите и не исчистија.Голем курбан.А и што е најважно.Види кој ти бил најголемиот виновник за сето страдање.Како пусто не осознале,ниту,Самоуил,ниту Карпош,Ниту Гоце,и ние денешниве.Непријателот е фатен.Сега можеме слободно да чекориме кон иднината.Во последната експлозија,од која ќе ќарат не само нашите крвни непријатели, соседите.Господе,фалати што заради твојата милост ни даде да живуркаме до денес,а не заради нашиот ум..Долу торбешот,кој се дрзнал да земе повеќе од една торба.Не смееше.П.С.Ова е една приказна кое сценарио за филм, е напишано во случај нашите други арамии кои се на привремен престој негде кај рентакар-пријателите,не вкусат од смоките на Рамкоски. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Hirurgot |
Датум: 28.12.2010 20:34:24 |
|
A1 tv e najgledana televizija, sakal ti ili ne, a se prasuvas li zosto? Zatoa sto tamu se zboruva za kriminalot na ovaa vlada zaglavena do gusa, i ako ja nema A1 ne ceka ona sto se slucuvase vo Germanija 1933. Jas ne sakam da slusam Sitel i Kanal 5 naj Gebelsovi televizii koli perat mozok na naiven narod, |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubtan-Trade Name |
Датум: 29.12.2010 04:58:49 |
|
Ovoj Statement na Americkata Ambasada ne mu godi na Nikola. i zatoa nema ni da ima komentari Vo Vecer za Statementot-komentarot NA AMBASADATA . PS .Според Амбасадата загрижувачки се извештаите дека финансиски спонзори на А1 или други организации се под политички притисок за да го намалат или зголемат рекламирањето.
|
|
|
|
|
|
|
|
|