Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Само една третина се надева на среќна Нова 2011

Новата 2011 да биде подобра од годината што изминува очекуваат 33 проценти од граѓаните на Македонија, еден процент повеќе сметаат дека следната година ќе биде иста, додека 30 отсто сметаат оти ќе биде полошо. Такви се резултатите од истражувањето „Глобален барометар“ на Галуп интернешенел, според кое поголеми оптимисти од Македонците за наредната година се жителите на Косово - 55 проценти, а помали граѓаните на Босна и Херцеговина - 22 процента, на Бугарија - 21 и на Србија -11 проценти.

На прашањето дали 2011 ќе биде година на економски просперитет, 21 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле потврдно, 42 процента дека ќе биде исто, а 34 очекуваат полошо. За Македонците најголем економски проблем останува невработеноста, така што 45 проценти очекуваат таа в година да се зголеми, 24 да се намали, а 27 отсто сметаат дека ќе остане на исто ниво како годинава.

Истражувањето на Галуп е спроведено во 53 земји, во кои живее 76 отсто од светската популација. Резултатите покажуваат дека 42 отсто од анкетираните очекуваат 2011 на глобално ниво да биде подобра од 2010 година, а 19 проценти се песимисти. Во земјава биле анкетирани 1.213 лица во периодот од 22 до 29 октомври. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 413 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Куполи за пратениците
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Вербатим
Македонските амбасадори на брифинг во Скопје
Да се тегнат за уши родители на проблематични деца
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks