Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Туристичката населба Лагадин плива во ѓубре

Мики Трајковски

ОХРИД - Во смрдеа што се шири на сите страни од насобраното и неисчистено ѓубре со денови се дават гостите и жителите во туристичката населба Лагадин, една од најпосетените на охридската ривиера. Купиштата смет насобрани покрај плажата и неподносливата реа ги бркаат туристите од овој крајбрежен појас, се жалат сопствениците на апартманите во Лагадин. И тоа не е се'. Кеси со отпад се оставаат и пред апартманите над патот, бидејќи нема канти. Туристите и охриѓаните коментираат дека локалните власти го запоставиле Охрид и дека летово се во длабок сон.

„Локалната самоуправа воопшто не води сметка за овој потег на Охридското Езеро“, вели жител на Лагадин. Вината за проблемот се лоцира и во државата, која според граѓаните, малку пари одвојува за Охрид, градот од кој може добро да живеат не само овдешните жители туку и цела Македонија.

Сметот не е единствената работа на која реагираат овие луѓе. Тие се револтирани и од високата цена што ја плаќале за комунална хигиена, а велат, сезоната трае само два месеца. „Ниту еден претставник на инспекциските служби како локални, така и државни, не дојде да не' посети за да види во каков хаос живееме. Ова го нема никаде. Наместо да се гордееме и да уживаме во тоа што ни го дала природата, ние се однесуваме тотално незаинтересирано“, огорчено раскажува гостин од Битола. Тој вели дека ќе размисли дали натаму ќе доаѓа во Охрид. „Само центарот на градот е среден, а другиот дел е целосно запуштен“, коментираат гости на Охрид.

Градежен отпад се депонира и во населбата, ама никој ништо не презема. И бучавата е голем проблем. Музиката што трешти од шанковите на околните плажи ги вознемирува туристите, а тие барајќи мир, бегаат на други места. Има многу работи на кои треба да им се стави крај, раскажуваат нашите соговорници.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ одговараат дека пред стартот на сезоната ги отстраниле контејнерите од Лагадин. Тоа го направиле со цел да извршат притисок врз Министeрството за транспорт за да се натераат концесионерите на плажи со нив да склучат договори за подигање на сметот. Луѓето велат оти Охрид како туристичка дестинација не заслужува ваков однос ниту од министерството ниту од општината. Комуналното претпријатие подолго време прави напори да се реши овој проблем, а со тоа сите плажи да бидат чисти и средени. Но, за сега тоа е безуспешно, велат од претпријатието. Оттаму уште информираат дека досега склучиле договор за отстранување на сметот само со пет концесионери. Другите одбиле да го сторат тоа.

Од Министерството за транспорт и врски кратко одговорија дека тоа е надлежност на општината. Слична е состојбата и со останатите делови на Охрид. Со денови во периферните охридски населби не се чисти ѓубрето од контејнерите. Граѓаните реагираат, а бидејки нема каде да го остават, се снаоѓаат и загадуваат други места.

Иако градските власти уверуваат дека нивни екипи работат и во три смени, сликата од туристички Охрид и ова лето е дека со чистотата може да се пофали само центарот на градот. Проблем и годинава повторно се сите културноисториски локалитети. Неможноста за договор меѓу општината и Завод и музеј од Охрид си го направи своето, па и најпосетуваните места во градот се полни со ѓубре. Двете страни ја префрлаат топката на вината.

Од Завод и музеј велат дека имале склучено договор со општината за одлагање на сметот, додека оттаму, пак, дека досега не бил платен ниту денар за таа намена. Завод и музеј има обврска да го отстранува сметот од сите локалитети, а доколку не го прави тоа, за таа намена треба да плати на општинското јавно претпријатие, велат од охридски „Комуналец“.

И додека траат преписките меѓу локалната и централната власт, најмногу штети трпи туризмот. Ова е најслабата сезона во историјата. Друга е приказната со миризбата што се шири откако ќе свртите барем еден круг покрај плоштадот. Пченки, американски крофни, пржен помфрит, сендвичи „мекдоналдс“ од една страна, и неподносливата миризба кај малиот мост покрај кејот на езерото го надополнуваат лошиот впечаток за Охрид.


#
Статијата е прочитана 2396 пати.

Испрати коментар

Од: Ohrid- GRAD DRZAVA
Датум: 26.08.2010 02:13:07
Ohrid e ubav grad i so nego se gordeeme .Go gradele i go cuvale od pamti vek nasite pra pra dedovci tatkovci a sega i nie i toj trba da e na ohridjani.So svojata kultura razvoj umetnost pismenost sekogas se razlikuval i otskoknuval od drugit del od Makedonija.Ohrid i ohridjani sekogas bile avangarda na site zbidnuvanja . No vo ponovo vreme koga nametnatite opsetveni priliki dovedoa do toa daSterjo bide gazda na Metropol Singo bide gazda na hotel Sileks,onoj od delcevo na Granit Jordanov na Beton, Sveto na Desaret,Letnica,Orce Nikolov,Slavija i na najubaviot hotel Palas a momentalnoto najgolemo ruglo Plazite gi drzat nivni sinovi i zetovi zamira gradot vo site sveri posebno vo turizmot.Samo kako poseben grad-drzava nadvor od Makedonija so svoja teritorija crkva ustav zakoni .... e edinstveniot pat za razvoj na Ohrid sto naskoro i ce bide Naseto ezero go posetuvale i ce go posetuvaat Amerikanci, Anglicani , Francuzi Holandjani zosto dosta ni e od pridojdeni seljacista
Од: Pero
Датум: 26.08.2010 07:56:27
Ohrigjani-avangarda???Gospode Boze,sto se ne ke procita covek... I ne gi napagjaj "seljacistata" oti tie ve ranat,"gragjaninu".
Од: XXX
Датум: 26.08.2010 08:03:10
Za žal, ova e vistinskata slika na Makedonija. Može da ima sve, no ako edno - a toa edno mnogu važno - nečini, propagja sve. Što vredat prirodnite ubavini, koi gi ima vo izobilie, što vredi visoko kvaliteten zelenčuk i ovošje, dobra kujna, prekrasen folklor, istorijski i sekakvi drugi zanimlivosti - taa slika e prekriena so smrdeš, prljavština i odpadoci. Celo Skopje, cela Makedonija, može da se zagradi so lavovi, svetci, carovi, vistinski, ili izmisleni, so oblakoderi, so što bilo - dur toa najosnovnoto - čistotija - go nema, otišo voz u kukuruz. ZA ŽAL!!
Од: Pero Krsteski
Датум: 26.08.2010 08:27:44
Bravo za napisot sto mu gi otvori ocite na onie sto ne sakaat da ja slusnat vistinata za Ohrid i sostojbata vo ovoj nas grad. Aktuelnata vlast so sediste vo Skopje go pravi ovoj haos od politicki pricini. Ohrid e na sekogo grad samo ne na ohridjani. Da se povede inicijativa za eksteritorijalnost na Ohrid ( se razbira vo ramkite na nasava drzava) za da mozeme da se oslobodime od postojnite siledjii i unistuvaci na istorijata, ne samo nasa, tuku opstoslovenska. Ovaa e vistinata za Ohrid.
Од: Skopjanec
Датум: 26.08.2010 09:23:29
A be Utopijo, do koga ke obvinuvate sekoj i sekogo za sve ona sto vi se slucuva vo vasiot Ohrid? Sami ste si krivi za sve, od vasta lakomija da profitirate na sekoj mozen nacin, do ogranicenosta vi da mislite posiroko i posvetlo. Prvo smenete si ja percepcijata kon site onie luge sto so dolzno vnimanie doagaat da ve posetat i zaboravete da mi vikate srpski pacavri - pjki i takvi slicni. Pozdrav
Од: Gox
Датум: 26.08.2010 09:46:12
Makedonce,corba :) Ali idi u Ohrid na corba,ko da si jadel na Sanzelize,ili u Venecija..Ostaj toj muabet grad-drzava,u Pestani u radius od 3 km. ima odvaj 2 korpi (citaj korpi,ne kontejneri) za otpadoci,pa gazdite na hotelite vi se krivi...Od kade tezata ? Od inaet za se sto ne e ohridsko ? Kako sto trgnala rabotata,od sledno leto ke mozete da ziveete kako drzavnici u gradot,posto ke ostanete samo vie,ova se drugo letna za Albanija,Crna Gora,Grcija,Spanija,Turcija,Egipet...
Од: francuz
Датум: 26.08.2010 12:26:44
skopjani,da ne jajte mnogu burek,zs site stanoj so gi kupivte vo Ohrid sea na leto gi izdavate na turisti,a na zima se prazni citaj niso ne plascate,a Ohridjani so sme samobendisani sme zbor da nemat,z`to sea placime ovaj ni e kriv onaj ne dosol.e to e celata visti na i tocka
Од: Димитар Битола
Датум: 26.08.2010 12:43:59
Kakov ohrid bre... za 2 saati sum so kola po avtopat na more, a ne po kozji patcina za 1,5 saati do ohrid.
Од: saso
Датум: 26.08.2010 14:49:50
Za mene ohrid prestana na postoi otkako doziveav eden OPINOK vraboten na parking vo Ohrid da mi kaze "za skopjani se plakja", a pred mene propusti 5 koli na ohridski i stipski tablici. Sredete si se prvo vie ohrigjani pa posle cekajte ne nas turistite, kakvi-takvi!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Берово подготвено да прими 30.000 гости
Две битолски општини со комунално претпријатие
Владата штеди на децата со посебни потреби