КАВАДАРЦИ - Како дел од антикризните мерки, Владата донела одлука да се намали еден од двата оброка што ги добиваат децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Но, кавадаречкиот центар за социјални работи не го оставил случајот отворен. Се обратил до Советот на општина Кавадарци со барање да се издвојат средства од општинската каса со кои ќе се покрие појадокот за оваа категорија деца во Кавадарци.
Советниците в понеделник ќе се изјаснат за доделување средства од општинската каса. Во образложението на одлуката, меѓу другото, се наведува дека за 2010 година треба да се обезбедат 70.840 денари за обезбедување еден оброк дневно за децата со интелектуална и телесна попреченост.
Државата со оваа одлука од кавадаречк��от центар ќе заштеди 805 денари по работен ден, вкупно за 21 дете. Тоа е сума што не би требало да биде предмет на никаква дискусија, а најмалку за владино одлучување, сметаат родителите на децата кои го посетуваат дневниот центар. Тие се благодарни за разбирањето кое го покажала општинската власт.
Децата во дневниот центар во Кавадарци престојуваат секој работен ден од 6.30 до 14.30 часот и имаат повеќе воспитно-образовни и згрижувачки дејности. Таму му се посветува посебно внимание на стекнувањето културно-хигиенските навики и на социјализацијата. Таму се вработени девет дефектолози, педагози, социјален работник , физиотерапевт и медицинска сестра. Дневниот центар работи во рамките на детската градинка „Рада Поцева“ од 2005 година, а користи простории на Министерството за труд и социјална политика. (Д.Р.)
"Kako del od antikriznite merki..." . Znači, rabotata e jasna, Makedonija e pogodena so golema EKONOMSKA KRIZA. Ako dobro računam, celata suma za obezbeduvanje za toa edno jadenje za sekoe dete od onoj centar e nešto poveke od 1100 eura za edna godina!!! A kolku eura koštat bronzeni lava na mostot, na čivo postavuvanje nekoite čitateli na UV, srekni, radosni, zadovolni, včera vo svoite komentari im se voshituvale kako na najgolemo čudo i pothvat. Makedonija - zemja na KONTRASTI !!!