Две битолски општини со комунално претпријатие
МОГИЛА - Општините Могила и Новаци регистрираа комунално претпријатие „Пела-хигиена“, кое во иднина ќе се грижи за јавната чистота.
„Реализацијата на оваа заедничка иницијатива ја остваривме преку проектот Форум на заедниците што го имплементира ФИООМ, а е со финансиска поддршка на швајцарската агенција за развој и соработка. Меѓуопштинското јавно комунално претпријатие ‘Пела-хигиена‘ е оформено и регистрирано. Наскоро очекуваме две специјални комунални возила за подигнување на сметот што ќе се исфрла во депонијата Мегленци“, изјави Славко Велевски, градоначалник на општина Могила.
За почеток општините Могила и Новаци вложија по еден милион денари, додека швајцарската агенција за развој и соработка обезбеди шест милиони денари. (МИА) |