Не се вршат никакви реконструкции, бидејќи општината има финансиски проблеми
Снежана Калабакова
Улиците во општина Чаир личат на швајцарско сирење. Тротоарите, пак, се посебна приказна. На улицата „Втора македонска ударна бригада“, на потегот од поликлиниката „Чаир“ до општинската зграда, граѓаните место по тротоар се движат низ кал и вирови, зашто нема ниту асфалт ниту павер елементи. А токму на овој потег се наоѓаат неколку значајни објекти за општините Чаир и Бутел, како што се Здравствениот дом за трудова медицина, ПОУ „Иднина“ и здравствениот дом „Чаир“. Граѓаните се огорчени поради незаинтересираноста на општинарите да преземат мерки за санација на инфраструктурата.
Улицата „Втора македонска ударна бригада“, која по децентрализацијата стана општинска меѓа меѓу Чаир и Бутел, се разликува по левата и десната страна. Прво општина Бутел постави нови канделабри, а потоа и општина Чаир го осветли својот дел. Сега страната на Бутел, што во еден потег немаше тротоар, има убава пешачка патека од павер елементи, а делот што е во Чаир и натаму е во кал.
Преполна со дупки е и улицата „Благое Паровиќ“, главна сообраќајница во населбата Топанско Поле, по која поминува автобуската линија „9“. Ризично е по неа да се одвива сообраќај, што најдобро им е познато на возачите на автобусите, како и на населението што се жали дека им се оштетуваат автомобилите од дупките во асфалтот. На поголем дел од улицата нема тротоар, а пешаците се движат по паркингот под проширените балкони на зградите, или по калливата површина што треба да биде парк. Улицата е тесна и на неа не може да се разминат два автобуса.
Во општина Чаир одамна не се реконструирани улиците и тротоарите. Градоначалникот Изет Меџити вели дека се соочува со финансиски проблеми, бидејќи мината година Фондот за патишта, место осум милиони денари, им префрлил само три милиони денари, а годинава, пак, воопшто немало никакви најави за префрлање средства, кои инаку се општински пари собрани од регистрација на возила.
„Средствата се главна причина зошто досега не се реконструираат улиците. Деновиве ќе излеземе на терен да направиме увид и ќе одлучиме каде е најургентно да се интервенира со крпење. Оштетувања предизвикуваат и несовесните граѓани што ги раскопуваат улиците кога изведуваат градежни зафати, а потоа ги оставаат така. На располагање имаме малку средства што ги издвоивме од буџетот. Градот ќе ја финансира реконструкција на улиците ’Ќемал Сејфула‘ и ’Лазо Трповски‘. Со ’Улици и патишта‘ имаме договор за крпење на улици, а финансиски ќе учествуваме еднакво“, вели градоначалникот Меџити.
Ziveam vo opstina Cair i navistina moze da kazam deka sostojbata e katastrofalna so site ulici.Voopsto ne se odrzuvaat glavnite soobrakjajnici tuku se asfaltiraat tamu nekoi ulicki niz Dizonska i drugi geta.Ne e opravduvanje deka nema pari od registracija,tuku problemot e sto vo opstina Cair ima mnogu malku sredstva od procentot sto se odvojuva od sekoj vraboten sto zivee na taa opstina.E sega jasno vi e koj zima plata vo evra i na crno,i gi izbegnuva ovie davacki,a na koj legalno im se odbiva.Kaj sto ima Albanci nema prosperitet nitu edna opstina
Од: Violeta
Датум: 10.05.2010 08:58:46
Ma ne se samo ulicite,cela naselba e edno golemo gubriste,tolku e prljava,nesredena,ne daj boze da pustis dete da igra nadvor ke zakaci nekoja infekcija. A za finansiranje vo djamii vo sred naselba imaa pari,neli? So opstinski pari go preuredija objektot vo trgovskiot i go napravija mesto za molenje. Ne znam dali postoi vo Makedonija tolku prljava opstina.
Од: жител на чаир
Датум: 10.05.2010 09:35:18
Општината е хаос!!! Такви дупки по улиците нема нигде во Скопје. А за крпењето за кое зборува Градоначалникот е дури срамота да го спомнува. Пример: “Методија Митевски“ целата е со дупки, а они закрпија само неколку и другите ги оставија. Греота, само за 5 дупки имале асфалт. Градоначалникот нека се подзамисли малку зашто неговата општина важи за најселска во цело Скопје?!
Од: Skopjanec
Датум: 10.05.2010 09:49:36
Bravo za zainteresiranosta na novinarot, navistina e strasno tamu.
Од: Caircanec
Датум: 10.05.2010 11:05:46
Pozdrav i pochit kon bloggerot. Iako sum Albanec, potpolno gi podrzhuvam moite sogragjani vo vrska so nivnite poplaki za sostojbata za ednata od najstarite Skopski naselbi protiv NASHIOT gradonachalnik koj osven sebesi voopshto ne go interesira nishto.
Од: imer-minhen
Датум: 10.05.2010 11:08:06
violeta u pravo si,namesto da gradat patista ,albancite gradat dzamija. no, da znaes,ako ne si go znael,deka dzamiite se gradat so dobrovolski strestva od narodot,dodeka infrastrukturata se gradi so porezni pari,so tie pari namesto da zatvarat dupki po asfaltot niz celo skopje vladata gradi spomenici,tuka e ogromna razlika Violeta.pozdrav
Од: Албанец 2
Датум: 10.05.2010 11:08:20
Да се надоврзам со мојот претходен коментар -
... Од друга страна, што прави централната власт и МВР за да се врати безбедноста во општина Чаир? Секој втор ден имаме пукања и убивања? Каде е МВР?... Нека еден месец МВР изврши контрола на секоја кола што поминува ќе видите колку количество оружје ќе биде фатено, и колку ѓубре од народ ќе се исчисти од нашите улици. Мој Зоран, немој воопшто да мислиш дека ние албанците не сме загрижени за животот во нашата општина, за киднаширањата, за криминалот идр. Но, безбедноста е работа на МВР и јас само се надевам дека ќе си ја врши работата.
На крај, Груевски секој ден сече ленти низ Македонија, што е инвестирано во Чаир... каде се 100-те сали и базени - имаме нешто во Чаир? а Социални станови?.. некоја друга инвестиција?
Има многу за човек да биде реален и да ја каже вистината за општото добро, иако се согласувам дека и оптшинските власти не прават ништо околу сето ова. Поздрав!
Од: Do Imer-Minhen
Датум: 10.05.2010 17:48:57
Ne znam bas dali so sopstveni sredstva gi gradite djamiite,90% od istite se nasledstvo od Turcite od minatoto a prostoriite vo T,pole vo trgovskiot centar ne se sopstvenost licna na gradonacalnikot tuku se na opstinata no ocigledno gi tretirate kako licni. A ako vi e za uteha ni jas ne gi poddrzuvam spomenicite na plostad.Pozz