Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Трајановски ќе се поднови со осум возила

Автомобилите ќе ги користат администрацијата, и инспекциските служби

Градските власти ќе се подноват со осум возила, а истовремено ќе купуваат и клима-уреди и фотографска опрема. Веќе бараат најповолни понудувачи, но не откриваат колку се подготвени да платат за набавката. Планираат да купат еден автомобил од средна класа, едно теренско возило и шест лесни моторни возила. А колку клима-уреди ќе купат зависи од понудената цена.

За надлежните е недозволиво во тек на распишана набавка да се открива колку пари се издвоени за оваа намена.

Портпаролот на градоначалникот тврди дека за градоначалникот не е наменето ново возило. Автомобилите ќе се користеле за потребите на администрацијата, најмногу за инспекциските служби. Целата набавка, заедно со клима-уредите и со фотографската опрема, била неопходна за функционирање на градската администрација.

„Набавката на возилата, всушност, е од лани и е одобрена од Советот. Сепак, минатата година не ја реализиравме поради недостиг на средства, а сега имаме поволна финансиска состојба. Возилата ни се неопходни, бидејќи имаме недостиг од возила за потребите на администрацијата, особено за инспекциските служби“, вели портпаролот Неделчо Крстевски. Тој појаснува дека е неопходна набавка на клима-уреди, за да се овозможат нормални услови за работа на администрацијата. И лани Градот купил одреден број клима-уреди и конвектори, а набавка се реализира и годинава, бидејќи се' уште има работни простории без апарати за разладување. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 969 пати.

Испрати коментар

Од: cicalche
Датум: 10.05.2010 00:19:53
Da ne e tolku tragichno, bi bilo smeshno. So vozilata ne se reshavaat problemite... Ama Koce i se e mozno! Da ti e sram da kazhes od koj grad si!!!!!
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 10.05.2010 04:45:05
Zosto vakov naslov????? Koce Trajanovski voopsto ne mi e simpaticen politicar, no da se upotrebuva vakov naslov za gradonacelnik na glavniot grad na Republika Makedonija e novinarska neeticnost. Sepak, gradonacalnikot ne gi nabavuva vozilata za svoja licna potreba. Vo upravata na gradot Skopje rabotat profesionalci i vakov maliciozen naslov pretstavuva navreda kon site niv. Utrinski Vesnik moze i mora podobro. Ostavate gi na strana licnite i ideoloski animoziteti. Samo taka ke sozdadete podobro opstestvo, kon sto veruvam site novinari vo Utrinski se stremat. Pozdrav.
Од: do "cicalche"
Датум: 10.05.2010 10:14:17
кога гласаше , што ти се чинеше ??? а "cicalche" ? „Ш`о мислеше, ш`о мислеше , к`а се онадеше...“
Од: sv.Kliment
Датум: 10.05.2010 10:26:11
Sozdravje da si gi vozite vozilata,dajte edno barem na UZK koja na teren e po cela republika so nadleznata inspekciska sluzba a divogradbi rastat kako pecurki i spomenicnoto nasledstvo treba da se prati dali se konzervira po izdadenite dozvoli.
Од: Samovraboten
Датум: 10.05.2010 11:01:07
Do Vladimir od Amerika! Ako ziveesh vo Amerika ne ni ja kroi kapata tuka i na vesnikov. Trajanovski gi blokira smetkite od firmite i naplati po ista cena na site firmi dali e Pivara,Alkaloid Vero i firmata kako mojata so eden vraboten ista cena e zatoa vesnikov pishuva za novite vozila,vistina Koce ne gi kupuva za sebe tuku za shoferite sto ke go vozat kaj sto ke posaka i toa se na konto na ovoj osiromashen i gladen narod malku skromnost barame i so primeri da ni kazat deka treba da se vozat velosipedi da se koristi javniot prevoz itn....
Од: do V.S. Orlando, Florida
Датум: 10.05.2010 12:18:10
So koe pravo od Florida ni kazuvas tuka sto mu treba na Skopje?????? Dojdi da zivees vo Skopje, da vozis po nasite ulici polni so DUPKI i da gi krsis avtomobilite, koga ke zavrne dozd da plivas po ulicite, da ne mozes kako pesak da odis po trotoarite zatoa sto na niv ima parkirano vozila, zatoa sto e vo "moda" zonskoto parkiranje, da te napagjaat kucinja i tn. i t. n..... E togas ke imas pravo da komentiras i da znaes STO MU TREBA NA SKOPJE!!!!
Од: skup
Датум: 10.05.2010 12:22:59
koce berbero calgazijata pokraj vozila da kupi eden pribor za bricenje
Од: Mene
Датум: 10.05.2010 14:58:55
Neka ja namali koce ushte malku platata na vrabotenite pa neka ceka rezultati. SRAM DA TI E KOCE do sega ne se nashol gradonacalnik shto namaluva plati sega dojde da bidesh grobar na gradskata administracija

Најди! во Утрински
Скопје
Улиците во општина Чаир како швајцарско сирење
Се санираат ударни дупки
Се бетонира дното на езерцето
Пријавување комунални проблеми