Отфрлена тужбата на Кирил Тодоровски против „Капитал“
Основниот суд Скопје 1 ја отфрли како неоснована приватната тужба на градоначалникот на скопската Општина Аеродром Кирил Тодоровски против новинарот Александар Писарев и главниот уредник на весникот „Капитал“.
Писарев ја доби тужбата поради колумна под наслов „Вирус” во која ги набројува сите небулозни ветувања од страна на градоначалникот, предупредувајќи дека ширењето на ваквиот вирус со нереални планови за изградба на цркви, манастири, фабрики, базени, тениски игралишта, фабрики, кули и дворови е општествено опасен. Судот проценил дека во текстот нема елементи на кривично дело и клевета. (Х.Р.) |