Полицијата фати две лица барани со потерници
Охриѓанец баран со потерница е уапсен на преминот Ќафасан при влез во Македонија. Мирто Неазин (39) бил баран заради одлежување затворска казна од четири месеци. Во саботата на Ќафасан е задржан и албанскиот државјанин Исуф Б. (35). По него била распишана меѓународна потерница поради истрага за обид за убиство. (Ј.К.) |