|
|
|
|
|
|
Дијабетичарите пак во инсулинска криза
Во инсулинските аптеки во Скопје за нецел месец повторно нема одредени видови инсулин
Јасмина Јовановска
Во Скопје и во повеќе градови во земјава повторно се појави криза со инсулинот, терапија без која не можат да живеат дијабетичарите ниту еден ден. Во инсулинските аптеки во Скопје за неполн месец повторно нема одредени видови инсулин, а ништо подобра не е состојбата ни со снабденоста со инсулин во другите градови во земјава. Најаларматна е состојбата со ререзвите на инсулин во Велес, каде што нема ниту едно пенкало инсулин. Во другите градови, пак, количините на инсулин се крпат од денес за утре, односно ако нема денес, се носат нови количини за неколку денови, кои се трошат за еден ден.
Ваквата „крпена“ терапија повремено се јавува речиси во сите градови во земјава.
„Како може некој да си поигрува со нашите животи кога знаат дека секој стрес за нас значи покачување на шеќерот во крвта, кој потоа тешко може да се нормализира и со поголеми дози на инсулин“, вели еден дијабетичар од Скопје, кој сака да остане анонимен. Тој ја прашува власта кој ќе плати отштета за нарушување на нивната здравствена состојба зашто живеат во страв дали навреме ќе добијат инсулин.
Недостигот од инсулин ни го потврдија и во Здружението за дијабетичари во Скопје. „Точно е дека повторно ни се враќа кризата со инсулин. Во скопските инсулински аптеки веќе има недостиг од неколку видови инсулин. Ништо подобро не е ниту во инсулинските пунктови во другите градови. Засега, најлараматно е со терапијата за дијабетичарите во Велес, каде што во аптеката има само едно пенкало“, изјави Аврам Ванковски, претседател на Здружението на дијабетичари.
Ова е веќе трет пат годинава да се јавува криза со инсулин. Првиот пат беше поради неплатен долг кон доставувачот, па се испорачуваа мали пратки на инсулин. Последните две кризи се поради тоа што количините од годинашните тендери се потрошени и здравствените установи немаат пари за набавка на нови количини, додека се чека централната набавка што ја спроведува Министерството за здравство. Во Скопје раководството на Клиниката за еднокринологија, веќе еден месец одбива да набавува по пат на директна спогодба за мали количини, зашто тоа е незаконски.
За да се реши проблемот, како што дознаваме, вчера во Скопје бил спроведен мал тендер за потребите на скопските пациенти, кои ги има околу 11.000. Тендерот за Скопје ни го потврдија и во Здружението на дијабетичарите, од каде што велат дека тој е само еден вид инјекција, колку да се премости периодот до новата набавка преку централниот тендер. Ова, велат во Здружението, треба да биде пример и за другите градови, да се направат мали тендери додека не стартува големиот тендер за инсулин. |
#
|
Статијата е прочитана 763 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON |
Датум: 12.12.2010 10:56:19 |
|
Strašno!Žalosno i strašno.Pa ke rečam ima za plaži,spomenici,triumfalni kapii,tenderi,reklami i mal milion perverzni drugi odlivanja na narodnio dinar,a za zdravjeto na narodo nema.Dosta be so "Remediki","Sistini" i site ostanati kreacii u zdravstvoto na šteta na osiromašinio narod.Bolno e voa.Ta samo čoveci so bolni umovi možat da mu go praat voa na svojo narod. |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 12.12.2010 14:09:04 |
|
Deplasirano e veke da se pisuva na ovaa tema.Jasni se namerite na nadleznite da mu stavat kraj na javnoto zdravtvo pod maska na nekakvi reformi koi ne se nisto drugo tuku demontaza i likvidacija na istoto.Se dodeka osigurenicite na FZO ne si gi pobaraat svoite legitimni prava na zdravstvena zastita,pa ako e potrebno i po sudski pat,se dotogas vlasta / i a ktuelnata i prethodnata / ke si igraat ping-pong so gragjanite osigurenici i ke gi matkaat so raznorazni vetuvanja.Ne umri magare do zelena treva!!?? |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 12.12.2010 15:04:36 |
|
Чекајќи во хаос на една од скопските клиники,до мене допре муабет:„Ние сме голем народ,директни потомци на Александар,а тоа ’Грчиштата’не им е срам…а кај нас предавниците се бунат против спомениците и градбите,неписмени,простаци!“.Гужвата беше неподнослива!Дојдени од сите краишта на МК,народот се натпреваруваше кој да влезе преку ред!На распуканиот ѕид-траги од прокиснување!Од вецеата се ширеше реа!Излезе сестрата и објави дека им се расипал апаратот и дека пациентите треба да причекаат додека да стигне друг,зајмен од друга клиника...Зад мене старата жена со бастун,која едвај се движеше,продолжи-„Ние сме горд народ…“!„А,уште колку ќе чекаме?“,повика таа кон сестрата,прекорувајќи ја-„Не ви е срам!“!Цревата почнаа да ми се качуваат,почувствував неизмерно гадење и наплив на бес:„Повелете госпоѓо Горда Македонке пред спомениците!Чув биле многу лековити!Заборавив да ви напоменам-единственото нешто што никако не можат да го излекуваат е Вашата Глупост!“!…Молк…www.ajvandoktor.blogspot.com |
|
|
|
|
|
|
|
|