Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Нови колкови на Ортопедија

На Клиниката за ортопедски болести во Скопје, стручниот тим предводен од д-р Тодор Ношпал, на 40-годишна пациентка од Битола и' изврши прва операција на замена на вештачки колк со вградување нов вид протеза, направена според најновата биотехнологија на фирмата „Зимер“. Станува збор за нов тип вештачки колк, кој може да се моделира по величина и по форма, онака како што најмногу му одговара на пациентот, и освен за ревизија на стар колк, може да се употребува и кај пациенти што имаат големи оштетувања на бутната коска поради малигни процеси.

„Се воведува нов ревизионен систем, кој овозможува 320 комбинации на самата протеза, со која кај пациентите кои по првичната имплантација на вештачки колк имаат големо оштетување на коскеното ткиво, им се овозможува да добијат имплант, кој ќе биде како за нив направен.

Протезата може да се вградува директно и на самото место да се спојуваат деловите, во самата бутна коска, а може и надвор да се состават деловите, а потоа да се вградат“, истакна д-р Ношпал. Протезата чини 150.000 денари, кои ги рефундира Фондот за здравствено осигурување.

Според него, кога имплантот би се порачал само за еден пациент е многу скап, а овој систем овозможува на поевтин начин да се дојде до истото решение.

Тимот на ортопеди наведе дека ваквата операција е исклучително деликатна и тешка, но со усвојување на новата техника на оперирање практично се работи со минимална загуба на крв и во спинална регионална анестезија, а превенира и лекува тешки инвалидитети.

„Пациенти што биле секојдневно со болки и се движеле со патерици или биле во количка, по вградување на ваквите колкови, повторно може да се вратат во нормалниот живот“, вели д-р Оливер Камнар, кој со тимот в понеделник ќе ја направи втората ваква интервенција. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 839 пати.

Испрати коментар

Од: Koni
Датум: 11.12.2010 12:46:07
Nisto ne im veruvam na ortopedite paraderi vo Sk. A pogotovo na takvi so "tetovazi" po teloto. Tamu rabotat neobuceni samouci-zanaetcii koi dosega napravija katastrofalni propusti i mogu pacienti od ortopedija otidoa vo grob. Tamu nema tim, bidejki sekoj sekogo kritikuva i nikoj nikogo ne pocituva. Kako be da im se doveri zivotot na luge koi rabotat bez nikakvo osiguruvanje i vsusnost na divo.I nikoj nisto en im moze?? Of lele za idnite nivni pacienti...
Од: sime
Датум: 12.12.2010 08:48:48
Se slagam so predhodniot komentar,ova izjava na doktorite mi lici poveke na reklama.

Најди! во Утрински
Македонија
Дијабетичарите пак во инсулинска криза
Македонија не знае кои граѓани се најдискриминирани
„Дневник“ збогатен со магазинот „Публика“
Ќе се гради нов мост за Ногаевци
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency