Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Ќе се гради нов мост за Ногаевци

Нема да се санира мостот што се урна под надојдената вода на Вардар и остави отсечени 400 жители од селото Ногаевци, Градско. На негово место ќе се изгради нов. Изградбата треба да заврши најдоцна до крај на идната година, а сега итно ќе се тампонира патот до Ногаевци преку селото Кочилари.

Вака одлучила Владата, сметајќи дека е тоа најдоброто решение.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, доцна завчера го посети местото и сам се увери дека урнатиот мост не може да се санира. Поради тоа, Јавното претпријатие „Македонија пат“ уште денеска ќе почне да го пробива и да го тампонира земјениот пат меѓу селата Ногаевци и Кочилари во должина од шест километри, со цел да се овозможи нормална патна комуникација за жителите. Јанакиески истакна дека општината Градско во соработка со градежни компании ќе направи проект за новиот мост, а Владата ќе ја разгледа можноста за помош при неговата изградба.

Жителите од Ногаевци веќе пет дена се отсечени од цивилизацијата откако надојдениот Вардар го урна мостот. Децата не одат во училиште, а прекината е и продажбата на земјоделски производи што е единствен извор на пари. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 693 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Дијабетичарите пак во инсулинска криза
Македонија не знае кои граѓани се најдискриминирани
„Дневник“ збогатен со магазинот „Публика“
Нови колкови на Ортопедија
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency