Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

„Дневник“ збогатен со магазинот „Публика“

Новиот неделник ќе му пркоси на мислењето дека печатените медиуми изумираат

„Храбро и смело, ’Публика’ ќе открива, ќе анализира и ќе истражува. Нема намера да молчи и да премолчува, да калкулира и да балансира, да еуфемизира и да се пришанчува, да коленичи и да клечи“. Ова е само дел од уводникот на првиот број на неделниот политички магазин во кој неговиот главен и одговорен уредник Зоран Димитровски одговара на прашањето - зошто ни треба „Публика“? Тој на вчерашната промоција на овој магазин, кој од денеска почнува да излегува во секој викенд-број на весникот „Дневник“, истакна дека улогата на неделникот ќе биде да ја издигне на сериозно ниво граѓанската свест и јавност наспроти сегашната поделеност, не само на политички, туку и на етнички табори.

„Излегувањето на ’Публика’ ќе му пркоси и ќе му се спротивставува на мислењето за изумирање на печатените медиуми“, констатира генералниот директор на МПМ, д-р Срѓан Керим.

Тој рече дека новиот магазин е производ на луѓе со креативност и одговорност. „Постојано сакаме да ја имаме публиката пред себе. Сакаме да имаме влијателни медиуми, бидејќи само силни медиуми можат да ги јакнат институциите на државата и нашите напори кон ЕУ и кон НАТО“, истакна Керим. Зборувајќи за создавањето на компанијата ВАЦ, која по уривањето на нацизмот во Германија влезе во процесот на воспоставување демократски односи во таа земја, тој повлече паралела со функционирањето на весниците на ВАЦ во Македонија, кои имаат голем придонес во демократијата на државата. Сепак, Керим посочи и на толеранцијата на власта спрема одредени медиуми, кои не само што ја кршат регуларноста на пазарот туку и ги уриваат основните стандарди на медиумите.

„Нашите весници немаат газди, како што е тоа пример со другите медиуми. Ние сме дел од компанијата ВАЦ и кај нас новинарството не е под влијание на политичките и бизнис-интересите на својот газда. Ги повикуваме сите медиуми да ги задржат стандардите и да воспостават регуларен и здрав пазар. Наша цел е да правиме брендови, а не по потреба да соборуваме власт. Владите доаѓаат и си заминуваат, но стандардите мора да останат“, порача Керим на вчерашната промоција на „Публика“. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 12.12.2010 03:57:33
Cestito. Ostanuva da videme dali navistina ke bidete nezavisni???

Најди! во Утрински
Македонија
Дијабетичарите пак во инсулинска криза
Македонија не знае кои граѓани се најдискриминирани
Нови колкови на Ортопедија
Ќе се гради нов мост за Ногаевци
 

Kosovo and Albania reject accusations of organ trafficking
Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister