Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Македонија не знае кои граѓани се најдискриминирани

Тамара Грнчароска

Македонија нема податоци кои категории граѓани се најдискриминирани во земјава, иако вчера министерот за труд и социјала, Џељал Бајрами, заедно со народниот правобранител, Иџет Мемети, постојаниот координатор на ОН во Скопје, Дијадра Бојд, и евроамбасадорот Ерван Фуере го одбележуваше Светскиот ден на човековите права, што годинава им е посветен на борците против дискриминацијата.

Наводите на Бајрами се базираат врз, како што рече, „некои индикации“, но за конкретен одговор ќе треба да се почека да профункционира комисијата за заштита и спречување од дискриминација. Со нејзините податоци по шест месеци или една година ќе може да се констатира кои категории се најдискриминирани. Дотогаш, според Бајрами, „податоците на некој начин не ни се релевантни“. Сепак, тој е на став дека Владата е на добар пат да ги зајакне позициите на човековите права во Македонија со усвојување на Законот за недискриминација, чија имплементација треба да стапи во сила од 1 јануари.

Народниот правобранител посочи дека се' повеќе жалби се однесуваат на правосудните органи, потоа на работните односи, а се' почесто жалби има и за имотно-правни односи. Во поглед на дискриминацијата, Мемети рече дека државните институции ја носат најголемата одговорност за спроведување на заштитата на човековите права и недискриминацијата. „Нашето дејствување во минатите години покажа дека бележевме дискриминација и такви случаи што немаа соодветна перцепција од надлежните институции“, рече Мемети, кој смета дека тоа покажува ниска свест и непрофесионалност кон одлучувањето за правата на другите.

За евроамбасадорот, пак, највидлива дискриминација во земјава има спрема луѓето со инвалидитет и во поглед на пристап во објекти, но и за вработување, како и спрема ромската заедница, и тоа најмногу поради предрасудите. Фуере како охрабрувачки го оцени усвојувањето на Законот за недискриминација, но повтори дека тој целосно не кореспондира со стандардите на ЕУ. „Но, се надеваме дека овој закон ќе претрпи амандмански измени во насока на целосно исполнување на европските стандарди, што ќе гарантира дека сите форми на дискриминација ќе бидат елиминирани“, порача Фуере.


#
Статијата е прочитана 859 пати.

Испрати коментар

Од: Kviz-milioner
Датум: 11.12.2010 12:43:52
Prasanje za na kviz:Koja kategorija na gragani se najzagrozeni,vrz koj se krsat najflagrantno coveckite prava vo Makedonija???More Bajrami,sto vikas ,prasanjeto e epten tesko. Pisi na hartija ovaka:Vo Mkd,nema krsenje na coveckite prava,sekoj graganin i zastiten i osiguran mu e socijalniot minimum za ziveenje,a toa podrazbira:Stan,plateni komunali,besplatno skoluvanje,letna ,zimska obleka,mesecni pari od 1500 den za trosok.Hartija trpi sve,isto kako vo komunizmot,koga bese "rajo2t,koga se lazevme sebe si i svetot",koga tecese med i mleko"
Од: zoran strumicanec pisuva od italia
Датум: 11.12.2010 14:03:07
pisuvate za discriminacija a ne li e diskriminacija sto nisto ne spomnavte i ne objavivte za vcerasnoto otvaranje na strumickiot nov plostad,ili strumica ne e grad vo makedonija,ili preovladuva ljubomorata sto ZAEV egradonacalnik pa ne vi odgovara za pofalbi treba da vi e sram kako vesnik sto ne objavuvate takvi ubavi novosti.
Од: svetlana
Датум: 11.12.2010 19:56:38
ako moze da postavam prasanje dali zenite vo makedonia moze da gradat kuki ili samo mazite mozat
Од: kiroUSA
Датум: 12.12.2010 00:02:55
Site sto ne se ziteli na Skopje vo (SKOPSKA REPUBLIKA) site se diskriminirani.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 12.12.2010 15:15:52
Но затоа многу добро знаеме кои се најпривилегирани: оние кои без ронка знаење напредуваат на своите позиции,оние кои се вработуваат,само затоа што се припадници на одредена нација,или затоа што поседуваат партиска книшка во соодветна боја...!И нормално Највеќе: оние тмурни Сурати,што секојдневно ги гледаме на ТВ екраните - умислени големини со неизмерно ситни душички,кои нè владеат!

Најди! во Утрински
Македонија
Дијабетичарите пак во инсулинска криза
„Дневник“ збогатен со магазинот „Публика“
Нови колкови на Ортопедија
Ќе се гради нов мост за Ногаевци
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency