Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ

Владата потпиша договор за концесија, а инвестицијата се проценува на 15 милиони евра

Маја Томиќ

Владата вчера го потпиша договор за концесија за вода со австриската компанија „Енерџи зотер бау“, која на двата тендера од 2007 година доби вкупно 16 локации за изградба на мали хидроцентрали. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 6,62 мегавати, а планираното просечно годишно производство на струја, 26,48 гигават-часови. Првата централа треба да почне да се гради идната година, а сите 16 централи да бидат завршени до јуни 2012 година. Инвестицијата се проценува на 15 милиони евра.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, Владата почна со потпишување на договорите за изградба на мали ХЕЦ со вкупно девет компании, кои беа оценети како најуспешни понудувачи на двата јавни тендера, за изградба на вкупно 88 мали централи во земјава.

На првиот оглас „Енерџи зотер бау“ доби три локации за мали ХЕЦ, со моќност од 1,985 мгв. и просечно годишно производство од 8,6 гигават-часови, додека на вториот тендер и' беа доделени 13 локации за ХЕЦ со моќност од 4,542 мгв. и просечно производство од 16,7 гигават-часови. Компанијата, во согласност со договорот, треба првата година по потпишувањето да ги обезбеди сите потребни документи и да почне со изградба.

„Започнува реализацијата на проектот за изградба на вкупно 400 мали ХЕЦ со моќност од 250 мегавати и просечно годишно производство од 1.200 гигават- часови струја. Нивната вкупна вредност се проценува на повеќе од 300 милиони евра. Досега Владата, односно, Министерството за економија објави три јавни огласи, двата завршија, а третиот е во фаза на евалуација. Наскоро ќе се објави и четвртиот тендер на кој ќе се понудат од 30 до 40 локации“, изјави Бесими.

Тој посочи дека моментно се врши евалуација на останатите осум понуди од третиот меѓународен тендер за 20 мали ХЕЦ, со вкупна моќност од 13,4 мегавати и просечно годишно производство на 54 ггвч.

Самоил Целески од „Енерџи зотер бау“ рече дека компанијата е целосно технички и финансиски подготвена да ја реализира инвестицијата за 16 ХЕЦ, како и да учествува на наредните јавни огласи за мали ХЕЦ.

„Можеме веднаш да почнеме со реализација на проектите и очекуваме помош од министерствата и од локалната самоуправа за полесно добивање на потребните документи. Доколку дозволите за градба бидат навреме обезбедени, во февруари наредната година планираме да ја започнеме првата мала ХЕЦ“, рече Целески.

„Енерџи зотер бау“ веќе има сопствени проекти во Бугарија, Полска, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Словачка.

Првите три концесии за градба, кои ги доби „Енерџи зотер бау“, се на Љубанска Река, Тораница и Малинска Река. Следните 13 локации, каде што ќе се градат ХЕЦ со вкупна моќност од 4,542 мегавати се на: Речанска, Дупница, Бањанска, Побошка, Отљанска, Станечка, Мала Река, Големача, Обедничка, Ораовица, Јутачка и две на Крива Река.


Статијата е прочитана 494 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници
УЈП ја крие слабата наплата на даноците?
Кумановци ќе се греат на природен гас
Словенија дели пари за социјалци
Косово ќе гради термоцентрала вредна 3,5 млрд. евра
Инспекцијата затвори 42 фирми