Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Кумановци ќе се греат на природен гас

КУМАНОВО - Постојат реални шанси од наредната грејна сезона повеќе институции во Куманово да користат гас како греење. Гасоводниот систем регистриран како Јавно претпријатие „Куманово - гас“ ќе има 150 километри примарна и секундарна гасоводна мрежа. Досега се изградени првите десет километри, а до крајот на идниот месец се очекува да се изгради и главната мерна станица, по што ќе може да се приклучат првите корисници на природен гас.

Први корисници на природен гас во Куманово ќе бидат Домот за стари лица „Зафир Сајто“, детската градинка, две основни училишта, локалната самоуправа, поштата, судот и полицијата, но и други државни институции и приватни компании лоцирани по должината на првата делница од гасоводната мрежа на Куманово.

„Стручна екипа на компанијата ФЗЦ ’11 Октомври‘ направи пневматско испитување на делницата инсталирана досега на примарната мрежа. Надлежниот државен инспекторат за садови под притисок издаде решение за исправност на поставениот цевковод. Следува изградба на главната мерно-регулаторна станица со приклучок, што е законска обврска на компанијата ГАМА. Доколку станицата биде изградена во предвидениот рок, веќе од септември на природен гас може да се приклучуваат првите корисници во Куманово“, најавува директорот на ЈП „Куманово - гас“, Момчило Мирчевски.

Трета година едноподруго во Куманово интензивно напредува гасификацијата, што се смета за проект на деценијата. Ова е една од капиталните инвестиции, која е вредна 10 милиони евра, што се финансира од општинскиот буџет, а најголемиот дел средства се очекуваат од банкарски извори и од граѓаните како идни корисници на природниот гас. Работите на примарната и секундарната мрежа ги изведува екипа на Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, која има повеќедецениско искуство во изградба на гасоводи и нафтоводи на европскиот пазар и ��а пазарите на Блискиот и Далечниот Исток. (Ст.Б.)


Статијата е прочитана 495 пати.

Испрати коментар

Од: dukopandurmakedon
Датум: 17.07.2009 12:53:06
emi uboo i nie si se greeme em so priroden ama i taze gas nazima si apnueme pojke gravce so ubaj suseni ljuti crveni pipriki bez suvi rebra na dieta sme .Abe zirkus ziv.

Најди! во Утрински
Економија
Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници
УЈП ја крие слабата наплата на д��ноците?
Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ
Словенија дели пари за социјалци
Косово ќе гради термоцентрала вредна 3,5 млрд. евра
Инспекцијата затвори 42 фирми