Бугарската министерка за правда, Маргарита Попова ,информираше дека наскоро граѓаните ќе можат да поднесуваат барања до сопствениот Суд за човекови права, наместо до Европскиот. Новиот суд строго ќе ги почитува крајните рокови за донесување пресуди за човековите права, и ќе им надоместува на оние чии права се сметаат за прекршени.
Во ТВ-интервју Попова информираше дека овој чекор е вклучен како препорака во последниот извештај на Европската комисија за правни прашања и за внатрешни работи, во врска со се' почестите бугарски барања поднесени до судот во Стразбур. Проблемот на Бугарија не се само многубројните судски случаи, туку и неподготвеноста да ги исполни пресудите, што се виде при пресудата околу легализирањето на ОМО „Илин��ен - Пирин“, која се игнорира од тамошните институции. Со овој новонајавен суд Софија по се' изгледа сака да се заштити од непријатности, па правдата сама ќе ја прекршува и сама ќе си суди. (Н.Р.)
Со ова Бугарија не го избегнува Европскиот суд за човекови права во Стразбур, туку прави уште една бариера пред случаите да дојдат пред Стразбур. Имено, за да се разгледува еден случај во судот во Стразбур потребно е да бидат исцпрени сите правни лекови во државата каде е сторена повредата на правото.
Истовремено од текстот произлегува дека Бугарија излегува од системот на заштита на правата на Европскиот суд за човекови права, што не е точно. Чисто колку да бидат појасни работите, без никакви претензии за нечија одбрана.
Од: BgMak
Датум: 26.07.2010 09:03:55
Cudo! Vekje e 9 casov i uste nikoj ne napisal deka Makednocite vo Bugarija se 1. negirani, 2. tortureni, 3. masakrirani, 4. kindnapirani 5.seksirani (ako se setite za uste nekoj takov anticki zbor, dobavete go vo spisokot)
Од: Stef
Датум: 26.07.2010 09:44:16
Бугарска Работа
Од: bg
Датум: 26.07.2010 10:38:08
Некој нешто не е во разбрал. Ќе има нов суд и тој ќе биде специјализиран за борба со мафијата по препорака на ЕУ а не за човекови права каде пишувате ....
Од: Aaron
Датум: 26.07.2010 13:38:23
Vakva e vrzkata megu noviot BG sud,Strazbur i OMO? BG saaka da se go podobri pravniot sistem sto odamna e preporaka i za Makedonija, a vie pak za OMO pishuvate.Koj sud ke registrira partija so 500 chlenovi? Togash vo BG ke ima 1500 partii i pak nikoj nema da zboruva za OMO.Vistinata e deka Omovcite sakaat da barat pari ili od BG za izbori ili od RM!