Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Унгарија ги дисциплинира медиумите

БУДИМПЕШТА - Последниот пат кога беше премиер на Унгарија, Виктор Орбан стана персона нон грата во Вашингтон, и покрај членството на неговата земја во НАТО. Администрацијата на Џорџ Буш беше навредена од навиката на Орбан да ја задоволува екстремната десница на Унгарија, која се' уште ги прифаќа национализмот и антисемитизмот од 30-тите години. Соборен на изборите во 2002 година, Орбан помина осум години во опозиција пред да извојува убедлива победа во април што и' овозможи двотретинско мнозинство на неговата партија во парламентот - доволно за да владее без помош од екстремната десница. Многу Унгарци сфатија дека Орбан ќе ја ублажи неговата поранешна поларизирачка политика. Досега тој не го направи тоа.

Меѓу првите акти на новата влада на Орбан беше Законот за давање пасоши на етничките Унгарци што живеат во други земји - мерка чија цел беа големите унгарски малцинства во Словачка, Романија и Србија. Со оглед дека првите две се земји-членки на ЕУ, а третата е кандидат, се чинеше дека постои мала потреба за таква мерка. Но, Орбан уште еднаш им се додворуваше на оние од неговата земја што никогаш не го прифатија Договорот од Тријанон од 1920 година, со кој Унгарија беше намалена на нејзините сегашни граници.

Мерката со пасошите би можела да биде отфрлена како симболична. Меѓутоа, втората голема иницијатива на новата влада - обид да се наметнат далекосежни нови контроли врз медиумите - не може да се отфрли. Како прв чекор Орбан го користеше своето огромно парламентарно мнозинство за да ја поништи уставната одредба, чија цел е „да се спречат информативни монополи“. Потоа неговата партија претстави закон за кој ќе се гласа овој месец, со што би се споиле неколку органи што сега ја надгледуваат јавната телевизија и радиоканалите и би се создал моќен медиумски совет што ќе ги регулира и во исто време ќе ги приватизира медиумските куќи. Претседателот на Советот би бил именуван од Орбан, а другите членови би биле назначувани од владејачката партија. Ефектот, како што укажа лидерот на опозициската Социјалистичка партија, би бил „да се смени јавниот медиум во партиски медиум“ - феномен што не е забележан во Централна Европа од паѓањето на комунистичката власт.

Втора мерка за медиумите, што би била преземена наесен, е уште позагрижувачка. Со неа би се проширило владиноaто регулирање на приватните печатени изданија, па дури и блогерите и би се отворил пат да се оспорат контролите и барањата што ги регистрира пазарот со владата. Силни приговори за законот од меѓународните групи за слобода на печатот, како и од унгарските новинари, ја натераа владата да го одложи дејствувањето на парламентот. Но, некои унгарски посматрачи веруваат дека Орбан само го дочека повлекувањето на претседателот Ласло Шолом во август, кој ќе биде заменет со еден од националистичките сојузници на премиерот.

Големата изборна победа на Орбан му даде невообичаени овластувања во парламентарната демократија. Во најдобар случај тој може да го искористи тоа за да протурка економски реформи што и' се потребни на Унгарија за да ја заживее хронично заостанувачката економија. Ако наместо тоа се обиде да ги ослаби демократските институции, тој само ќе осигури дека уште еднаш ќе биде отпадник во западните престолнини. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 280 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Америка зад решетки
Путин пеел со шпионите
Никогаш повеќе „Љубовна парада“
Бугарија ќе си прави свој „Стразбур“