Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Америка зад решетки

Ниту една богата земја не казнува ни приближно како земјата на слободните

Америка е различна од останатиот дел од светот по многу нешта, многу од нив добри. Едно од лошите нешта е нејзината подготвеност да ги затвора своите државјани. Секој стоти Американец гние зад решетки (стапката се зголемува на секој деветти за младите мажи - црнци). Нејзината затворска популација од 2,3 милиони ја надминува бројката на 15 нејзини држави. Ниту една богата земја не е приближно казнива како што е земјата на слободните. Британската стапка на затворање е една петтина од американската, германската е една деветтина и една дванаесеттина јапонската.

Во 2000 година четворица Американци беа обвинети за увоз на јастози во пластични кеси, наместо во картонски кутии, што значеше прекршување на регулатива од Хондурас, кој веќе не ја применува. Тие беа прогласени виновни за актот Лејси, што забранува Американците да прекршуваат странски правила кога ловат или риболоват. Оригиналната намера беше да се спречат Американците, на пример, бесправно да ловат слонови во Кенија. Но, се интерпретира дека тие мора да ја почитуваат секоја мала регулатива за живиот свет на земјата. Ловците на јастози воопшто не знаеја дека го прекршуваат законот. Сепак, тројца од нив добија по осум години. Двајца од нив се' уште се во затвор. Во САД не само што се затвораат премногу луѓе туку се затвораат и за работи што не се криминални.

Некои делови од Америка одамна зазеле строг став спрема правдата. Таа тенденција се заостри пред околу четири децении кога се' поголемите злосторства станаа емотивно политичко прашање, а гласачите ги поддржуваа политичарите, кои ветуваа дека ќе го решат. Многу федерални држави имаат задолжителни минимални казни, што го отстранува дискретното право на судиите да покажат милост, дури и кога околностите на некој случај очајно го бараат тоа. Законите од „три удари“, кои во почетокот се користеа за доживотно осудување на постојаните насилнички криминалци, во неколку држави се применуваат за помали прекршоци. Голема улога има збрката што се јавува.

Америка затвора луѓе поради технички кршења на законите за емиграција, за кршење на еколошки стандарди и таинствени деловни правила. Толку многу федерални правила повлекуваат кривични казни, кои експертите се борат за да ги пребројат. Многу од нив се несфатливи. Малку од нив некогаш се укинуваат, иако Врховниот суд неодамна го скрати законот против лишување на јавноста од „неповредливото право на чесни служби“, кое обвинителите го сакаат бидејќи можат да го користат речиси против секого. Сепак, тие имаат многу други оружја. Со пребројување на секоја и-мејл порака испратена од службеник што згрешил како посебен случај на електронска измама, обвинителите можат да му се заканат со огромна казна доколку не признае или го информира неговиот шеф. Потенцијалот за неправда е очигледен.

Како резултат на тоа, американските затвори сега се полни не само со банди и силувачи туку и со ситни крадци, краткорочни наркодилери и криминалци, кои иако заплашувале кога биле млади и силни, сега се премногу стари и артитрични за да претставуваат закана. Околу 200.000 затвореници се на возраст над 50 години - речиси исто колку што имаше затвореници на сите возрасти во 1970 година. Затворот е одличен ��ачин за да се задржат опасните криминалци далеку од улиците, но колку повеќе луѓе се затвораат, толку помалку опасен веројатно ќе биде секој дополнителен затвореник. А бидејќи затворот е скап - 50.000 долари затворени годишно во Калифорнија - цената за затворање криминалци честопати ги надминува бенефициите во однос на спречените злосторства.

Не мора се' да биде на тој начин. Во Холандија, каде што се зголеми употребата на две притворски казни, затворската популација и стапката на криминал се во опаѓање. Новата британска влада предлага затворот да се замени за помалите прекршители со работа во заедницата. На Америка и' се потребни помалку и појасни закони за да на граѓаните не им треба правна обука за да избегнат затвор. Актите кои можат да бидат регулирани не треба да бидат криминализирани. Овластувањата на обвинителите треба да бидат намалени: повеќето осомничени службеници не се Ал Капоне и не треба да се третираат како да се. Најопасните криминалци мора да се затвораат, но државите би можеле да вложат повеќе напори за да ги реинтегрираат полесните случаи во општеството. Порано или подоцна американските гласачи ќе сфатат дека нивната политика за затворање е неправедна и неефикасна. (Вашингтон тајмс)


#
Статијата е прочитана 897 пати.

Испрати коментар

Од: АИЦ
Датум: 26.07.2010 08:51:47
Добро Утро! Она што отсуствува од статијата е и приказна за Оковите, како ненадминлив додаток на затворениците во повеќе сојузни држави! Сте ја пропуштиле и сказната за смртната пресуда и непресушниот избор за начинот на нејзино извршување, кој е особено инвентивен во „земјата на слободите“!

Најди! во Утрински
Свет
Путин пеел со шпионите
Никогаш повеќе „Љубовна парада“
Унгарија ги дисциплинира медиумите
Бугарија ќе си прави свој „Стразбур“