Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Никогаш повеќе „Љубовна парада“




Организаторот на манифестацијата „Љубовна парада“ соопшти дека годишниот фестивал на техномузиката е последен и оти повеќе нема да биде организиран, по инцидентот вчера кога во општата паника што настана во еден тунел загинаа 19 лица, а 342 беа ранети.

- Завршено е со „Љубовната парада“, изјави на прес-конференција Рајнер Шалер.

Полицијата води истрага за инцидентот, при што треба да се разјасни зошто стотици илјади лица биле пропуштани да минат само низ еден тунел.

Според германските медиуми, на фестивалот имало 1,4 милиони посетители.Очевидците велат дека паниката почнала околу 17 часот по локално време кога лицата што работеле на фестивалот го затвориле излезот на тунелот, кој води кон локацијата каде што се одржувал настанот, поради тоа што бил преполн. Влезот на тунелот, меѓутоа не бил затворен и луѓето продолжувале да влегуваат во него. (МИА)


#
Статијата е прочитана 967 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Америка зад решетки
Путин пеел со шпионите
Унгарија ги дисциплинира медиумите
Бугарија ќе си прави свој „Стразбур“