Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Хрватска прва во ЕУ, Македонија дури по 2015

Лондон и понатаму искрено и' препорачува на Македонија да најде решение за името

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски


ЛОНДОН - Британската дипломатија која и натаму останува силен приврзаник за одржување на процесот на проширување на Европската унија, смета на седум земји од регионот на Југоисточна Европа, како на идни членки на ЕУ. Тоа се петте држави од просторот на поранешна Југославија (Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ), како и Турција и Албанија, но колку и да се исти универзалните услови што постојат за сите кои претендираат на влез во големото европско семејство, роковите за секоја од нив, како и работите што треба да ги направат и пречките што постојат пред секоја од нив, не се еднакви.

Во Лондон се смета дека Хрватска во тој поглед е најдалеку отидена и дека таа е пред сите другите за влез во Унијата. Во тоа нема ништо изненадувачко, затоа што Загреб кој апликацијата за прием ја поднесе во 2003, а кандидатски статус има од 2004 година, веќе четири години води преговори со Брисел околу влегувањето во ЕУ. Да не беше спорот со Словенија околу правото на Пиранскиот Залив, на кое досега инсистираше Хрватска, сите преговори веќе ќе беа завршени. По решението на хрватската влада да не инсистира на своето право на Заливот, на делот за кој се спореше со Словенците, туку работата да им ги остави на меѓународната арбитража, Љубљана ја укина блокадата, па сега се смета дека хрватските преговарачи би можеле уште до крајот на оваа година да ги разрешат сите други отворени прашања со Брисел и да ги завршат преговорите. Во такви услови, овдешните дипломати веруваат дека Хрватска би можела, сама или со Исланд, веќе следната година, или најдоцна на почетокот од 2011, да биде дел од ЕУ.

Ширењето на Унијата застана по пропаѓањето на европскиот устав во 2005 и по одбивањето на Ирците минатата година да ја ратификуваат Лисабонската спогодба, по што Франција и Германија објавија дека без новиот европски документ, нема да има натамошно проширување. Подоцна под притисок на другите во ЕУ, прифатија дека стариот договор од Ница дава простор за прием „на само уште една земја“, Хрватска, на пример, но не и повеќе од тоа. Гласот на Британците по ова прашање, по заминувањето на Тони Блер од Даунинг стрит 10, како да престана да се слуша, па така и се дојде до ситуацијата се' да се врти околу спогодбата од Лисабон, волјата на ирските гласачи и самобендисаноста на чешкиот претседател Вацлав Клаус или рејтингот кај домашните гласачи на Никола Саркози и на Ангела Меркел. Останува, значи, да се чека на исходот од повторениот ирски референдум (на 2 октомври) и на тоа дали конечната ратификација на документот на ЕУ ќе заврши пред изборите за Долниот дом во Британија.

Како и да се развиваат работите, во Лондон се смета дека Македонија, во овој момент, е втората од седумте земји од регионот што би можела да се најде како триесетта ч��енка на ЕУ. Дури за македонската аспирација се предвидува и нешто пократок рок за завршување на преговорите, па така и како можно време за влез во Унијата, во „најдобар случај“, се посочува крајот на 2012 година, realno toa treba da bide po 2015. За Македонија, која прием во ЕУ побара во 2004, а статус на земја кандидат доби во 2005 година, проблемот е што се' уште нема обезбедено датум за почеток на преговорите со Брисел. Од седиштето на Унијата се инсистира на довршувањето на економските, политичките, судските и реформите на државната администрација, за што притиска и Британија, но земјата, сепак, беше прогласена за најуспешна во регионот кога станува збор за граничната безбедност, па затоа и предложена од нова година да се најде меѓу државите на чии граѓани не им треба виза за влез во зоната што го покрива Шенгенскиот договор. Тој плус за Скопје, изгледа, дека е недоволен за да се елиминира еден друг и многу поголем проблем што постои уште од 1993 година. Станува збор за спорењето со Грција околу името на државата.

Британската дипломатија, која помагаше на почетокот, последнава деценија главно се држи на страна, без директно мешање во случајот, што овде честопати се означува како ирационален. Но и таков, тој се покажа дека е сопирачка за македонските европски амбиции, на што Британците посочуваа уште во 2005 година, кога на Скопје дискретно му е препорачано да се изнајде решение за спорот, до моментот кога кандидатскиот статус ќе треба да премине во фазата на водење преговори.

Многу потежок, барем од британската страна на гледањето, е случајот со Турција, за чие приклучување во ЕУ официјален Лондон беше и остана силен поборник, иако впечаток е дека тоа сега е помалку транспарентно од порано. Апликација за членство, Анкара има доставено уште во 1987 година, а кандидатски статус доби по 12 години, во 1999 година, додека преговорите официјално почнаа во 2005 година. Брисел инсистира на потемелни реформи на државата, пред се, во областа на човековите права. Анкара е притисната уште и со ситуацијата на Кипар и за давање право на прелет на кипарските (од јужниот, грчки дел) авиони преку турската територија и за слободен пристап на (јужно)кипарските бродови во пристаништата на Турција, што таа одбива да го изврши. Поради тоа беа замрзнати преговорите со Брисел.

Британски дипломати тогаш потсетуваа дека вината за се' уште нерешениот статус на Кипар не е само кај Турците. Токму Грците од јужниот дел на островот, го отфрлија на референдум планот за повторното обединување, на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, додека севернокипарските Турци го прифатија, по што Југот на островот влезе во Европа, а Северот остана во изолација.

За сите другите во Југоисточна Европа, календарот за приклучување, оди во годините по 2015. Србија има само Договор за стабилизација и асоцијација што се' уште не е ратификуван, па во Лондон велат дека доколку се случи до крајот на оваа година Белград да добие кандидатски статус, тоа за нив ќе биде огромен успех. Црна Гора ќе нема одговор на нејзината молба за прием во ЕУ се до 2010, затоа што, како што се вели, во Брисел се' уште не се начисто што да и' одговорат на Подгорица. Албанија остана без препорака за безвизниот режим за нејзините граѓани, а преговорите за стабилизација и асоцијација со властите во Тирана траеја 3, 5 години подолго, отколку со Хрватска и Македонија. За Албанија, како и за БиХ, затоа, се смета дека можноста за влез во ЕУ останува да се реализира („во идеални услови“) за по 2015 година и во времето потоа, при што на Србија и се дава предност во однос на овие две балкански држави.

Како и да е, оваа британска „визија“ за идните членки на ЕУ од југот на континентот може да претрпи измени во следната година, по мајските парламентарни избори , кога евентуалниот нов победник би понудил и ново европско гледање.


#
Статијата е прочитана 2902 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 25.09.2009 00:11:38
Arno veli London no nasata Vlada na celo so Vozdot ednostavno ne saka da vleze zemjava vo EU i NATO. Ednoumie, diktatura, populizam, unistena demokratija ne korespondira so EU.
Од: dedodimo
Датум: 25.09.2009 03:56:47
Znachi mora da go smenime imeto za da postanime chlenka na EU .Makedonskiot narot i vlada treba da ne gubat vreme i da im kazat dosta e ,Nie ne mozime da go smenime imeto ta makar nikogash da ne vlezime vo EU i NATO .Sekoj chovek ima pravo da se izjasni toa shto e i kako da se vika ,tie se chovekovite Prava .Izgleda EU nemozi da svati toa oti dosta nivni chlenki i denes imaat kolonii (odnosno se ushte robovladateli )a zborvaat za demokratija i chovekovi prava .Izgleda nivnite pravila vazat samo za drugite DRZAVI koj ne se vo EU.
Од: El Makedon
Датум: 25.09.2009 07:17:11
Engleska ladnotija ili glumenje neutralnost? Pa istite tie, sega potomci na Cercil koj vo 1948 intervenirase kaj Stalin da sopre vostanieto na egejcite a toj pak mu naredi na Tito da se zatvori makedonskoto prasanje (citaj nema pomos za egejskite partizani nitu spomnuvanje na egejcite do postoenjeto na ex Jugoslavija sega velat deka se nezainteresirani? Tie istite, koi sega definiraat sto e demokratija i gragjanski prava i podobro od nas samite znaat deka vo Egejska Makedonija ziveat Makedonci (ako ne, zosto ser Vinston intervenirase?) ne se zainteresirani, ne drzele strana vo sporot za imeto? Za niv a preku grcite, nivnata pogovorka " zivej i daj im na drugite da ziveat" ocigledno za egejcite ne vazi. Tuka nesto smrdi.
Од: Dragan_USA
Датум: 25.09.2009 07:20:09
Ljuge da vi kazem nesto evropska unija samo kje ne unisti aj mesto da vlagame u evropska unija neka se vrati jugoslavija i da nemoze vise nikoj nikad da igra so nas ni so niedna poranesna republika na SFRJ
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.09.2009 08:34:18
Дали првата цифра е 2, или 3? Да не сте направиле некоја Грешка? :)Р
Од: Kocnicar
Датум: 25.09.2009 08:47:40
Do El Makedonija; Pa eve ako Papandreu pobedi , na site vie koi poteknuvate od Egejska Mk. ce vi se dade pravo na vracanje nazad i Gr. drzavjanstvo ,plus ce dobiete i osteta so podkrenatatat sudska parnica pred Medjunaroden sud,a plus i nie ce se kurtulime od toa vase " egejsko prasanje" i nakraj ce trgneme napred.
Од: Vlatko "Klub na najdobri"
Датум: 25.09.2009 09:44:14
(do Hari i istomislenicite koi se za promena na imeto). Vi isprakam otvorena pokana za priem vo mojot klub "Klub na najdobri" koj go osnovavme so moite prijateli vo Skopje. Za vlez treba samo da si go smenite imeto (potrebno e da se razgovarame kako da se vikate).
Од: Realen
Датум: 25.09.2009 10:11:24
Tmislave, pa koi drugi drzavi ostanuvaat od Balkanot? Pa tie se sto gi nabrojuvas i drugi nema. Znaci, kako dobar novinar trebalo da napises: Britanija se zalaga za priem vo EU na site ostanati zemji od JIE. Znaci, ne sme vo nikakov napredok, tuku so toa i zavrsuva priemot vo EU, zasto drugi zemji od Evropa nema vece. Procesot zavrsuva so nas, znaci posledni.
Од: lepi cane
Датум: 25.09.2009 11:24:30
citajci go tekstot i znaejci sto se desi ovie 19godini mi se cini mak ce vleze vo eu po bosna i albanija
Од: mimi
Датум: 25.09.2009 12:53:14
a so ke nie vlez posle 2015 koga Eu ke se raspadne do togas , t.s pojakite ke se odelat edna po edna i pak ke ostanat zemjite od istocen blok Bugarija, Romanija, , Polska , Ceska Ungarija ..
Од: Zoran
Датум: 25.09.2009 16:34:53
Do koga nekoj ke ni nareduva sto da pravime ? Jas bi im preporacal na Britancive da im dadat na Ircite i Skotite drzava... Inaky ne vleguvam vo EU... Aj sikter vise... Samo slusame prikaski za mali deca.
Од: Srbin
Датум: 25.09.2009 17:32:14
" Тоа се петте држави од просторот на поранешна Југославија (Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ), како и Турција и Албанија," A Kosovo??? buhahahaha
Од: 2015
Датум: 25.09.2009 18:05:06
Ova e golem uspeh.

Најди! во Утрински
Политика
Грција ќе ги ублажи позициите
Владата си праќа дописничка „принцеза“ во Брисел
СДСМ отвора скандал со таткото на Милошоски
Ќе нема проблеми во РЕК „Битола“
Кривична пријава за пописот во 2002
Македонците-земјоделци со своја „амбасада“ во Брисел