Ќе нема проблеми во РЕК „Битола“
ПРИЛЕП - Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, не очекува проблеми во работата на РЕК „Битола“ во текот на зимата. „Термоблоковите се во добра кондиција, а ремонтите предвреме завршија. Рудникот е во солидна состојба и не очекуваме никакви проблеми во текот на оваа зимска сезона“, изјави Чинговски, кој вчера присуствуваше во басенот на Мариово каде што почнаа истражувањата за јаглен.
Тој додаде дека ископот на горниот јаловински слој во Брод – Гнеотино е во завршна фаза и оти веќе се појавени одредени количества јаглен.
„За неколку недели почнуваме со испорака на првите количества. Треба да биде јасно дека станува збор за јагленов коп кој има раслоеност, па континуитет не можеме да обезбедиме. Но, количествата ќе доаѓаат дел по дел“, објасни Чинговски.
Според него, со набавка на дополнителна опрема и транспортен систем од идната година ќе почнат со континуирана испорака за РЕК „Битола“. „Заедно со резервите од Суводол, се надеваме дека ќе имаме доволно количества јаглен за РЕК ’Битола‘ за наредните 20 години“, рече Чинговски. (МИА)
|