СДСМ бара Обвинителството да го испита скандалот со Здружението на возачи во Кичево
Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ вчера побара од јавниот обвинител Љупчо Шврговски да го испита „скандалот со криминал во Здружението на возачи во општина Кичево“, во кој, според неа, е инволвиран таткото на шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски. Министерот за надворешни работи, инаку, вчера беше главна атракција во парламентот. Милошоски поради повредата на ногата, на седницата за пратенички прашања, пристигна со помош на патерици. За да може да седне и да ја следи седницата му донесоа уште една столица, на која ја стави повредената нога. Целата таа церемонија предизвика внимание меѓу пратениците и новинарите на собраниската галерија. Додека Бендевска говореше за случајот со татко му, Милошоски внимателно ја слушаше, контролирајќи се да не покаже никаква реакција.
Бендевска од парламентарната говорница покажуваше документација и бараше од обвинителот Шврговски, како што рече, да го истражи случајот на незаконско работење и криминал во Здружението на возачи во општина Кичево.
„Обвинувањата на вработените се однесуваат на секретарот на Здружението, лицето Милош Милошоски, татко на еден од актуелните министри во Владата“, рече Бендевска. Повикувајќи се на документацијата, таа соопшти дека таткото на Милошоски во 1996 година зел 200.000 денари отпремнина од Здружението и се обврзал дека Здружението нема веќе обврски кон него. Неколку години подоцна, како што кажа Бендевска, Милош Милошоски се вработил во „Телеком“, а потоа зема и оттаму отпремнина во висина на 20.000 евра. Според Бендевска, во 2007 година повторно се вратил во Здружението на возачите како секретар, а бил и претседател на Управниот одбор, иако имал завршено само средно образование. Бендевска потоа го образложи случајот.
„Цврсто верувам во капацитетот на институциите да водат неселективна борба против криминалот и корупцијата и затоа ви ги доставувам сите документи што до мене ги доставија вработените за да го истражите овој случај“, рече таа.
Шврговски не го разбра нејзиното прашање, не му беше јасно дали своевремено е отфрлена кривичната пријава или не е.
Таа го праша дали постои центрифуга за перење пари во државните институции, укажувајќи притоа, исто така, на изградбата на мост на реката Вардар во Сарај. Бендевска рече дека во завршната сметка за 2008 година, изгласана од владејачкото мнозинство, на страна 7, во делот за капитални расходи на кои се потрошиле 20 милијарди денари од областа на транспортот, е наведено дека завршила изградбата на мостот, додека весникот „Дневник“ на 5 август објавил текст во кој пишува оти „ниту ова лето нема да се гради мостот кај Сарај“.
Јавниот обвинител најави дека на Бендевска писмено ќе и' биде одговорено. (О.В.)
Stom Bendevska otvara teme, toa e znak deka i Miloshoski stignal na listata za otstrel na SDSM . Shemata e, malku dokazi, mnogu galama i sto pogolema politichka diskreditacija na protivnikot.
Од: kicevo
Датум: 25.09.2009 02:42:00
Pogolem kriminalec od MILOS MILOSEVSKI vo Kicevo nemalo ni pak ke ima,so dalaverite so gi napravil vo Zdruzenieto na vozaci vo Kicevo sega pravi hotel vo selo Izizsta pogolem od motel ASMIR sto e odma donego.Luge kako moze na edna strana sto e so nego da ima 7 luge koi sega go drzat zdruzenieto da bidat posilni od 2 000 luge koi se na sprotivnata strana.Pa i covekot ne e izlezen od kafana a kako so vika i samiot deka toj go tresel gradot.ALAL DA MU E
Од: lapo
Датум: 25.09.2009 05:09:36
Gospogja Bendevska voslucajov so tatkoto na najdobriot nas biser Antonio za se e vo pravo samo edno NE: Obrazovanieto na milos Milososki vo VMRO-vski ramki e navistina poveke od solidno..... oti tie mozat i so cetvrto oddelenie da postavat direktori... a so Sredno e zasega ODLICNO, neli... sto bi rekol Grujica, ZNAENJE TO SE SILA, ZNAENJETO E MOK... Airlija Makedonijo...........
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2009 07:40:32
И јас сум да се судски опсервира случајот со таткото на министерот и ако е крив да одговара.Боде очи во оваа работа што се потенцира министерот како да тој виновен за таткото.Затоа прашувам дали сопругот на Бендевска е виновен за неправосилната пресуда на дотичната за клевета.Очекувам да дотичната исто така да го запраша обвинителот или министерот за правда зошто предметот на нејзиниот сопартиец,експремиерот со месеци фаќа прашинас во повисоките судски инстанци и не се решава.Да беше обичен смртник досега ќе беше одамна звршено.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.09.2009 09:22:45
Појаснување: Во „нашата“ блада не постои центрифуга за перење пари, туку само - сушара! Пералната е на друго место, па имаат проблем во транспортот! Е, се`а, тоа што вие не го гле`ате мостот во Сарај е само резултат на фатаморгана предизвикана од пустината Македонија! Ви требаат портокалови очила со бакелит-сочиво за заштита од прашината!
Од: Valentina MKD
Датум: 25.09.2009 11:06:07
Tatko mu, striko mu, pari, milioni, proneveri .., hmm , ova mi mirisa na politichka mestenka za da se izvalka ministerot, oti Sdsm ne saka chesni igri. Ah, politika, politika
Од: ДАВИДОВ
Датум: 25.09.2009 12:37:10
Милош,бисерот од Кичево,завршено основно и три години индустриско училиличте.Во законот за здруженија на граѓани дословно стои Правен или Економски факултет.Се работи за цифра од 30.000.000 ден или близу 500.000 евра.Веќе шест месеци Кичево бранува но власта молчи.Па има човекот сила па почна да си поигрува и со вработените со отказни решенија,да вработува луѓе од Битола да има личен адвокат и го плаќа по 18.000 месечно,да прави промени во централен регистер во Охрид а стварно надлежен е Битола,да гради приватни објекти да дреме по цела ден по кафани итн.Дали има власт во оваа држава?????
Од: Bendevski
Датум: 25.09.2009 13:23:12
"Ne se cesaj kaj sto ne te cesa", Vaka bi ti se obratil gospodinot-drugar Zingo. I stvarno, sto se mesas vo perenje pari i centrifugi. Ovaa Vlada e specijalizirana za perenje pari i pljackanje budzet, a koj se sprotistavi..... tesko nego. Najsvez primer e so edna novinarka od "Dnevnik" koja otvori tema za perenje pari od tender za MVR,nabavka na nekakvi maici. Sto se sluci? Zakani ,a mediumite mesto podrsaka-STAMA. Istoto i tebe ke te snajde,nema koj da te podrzi.I tvojot bos Bane e so niv(ne se cudi)Oskata Grujo-Bane-Latas(pardon Zingo|) raboti besprekorno, a vie ste samo piuni-statisti koj treba da igrate vo prestavata, no spored nivna rezija. Ako ne izigras dobro, ke te jade pomracina.
Од: Goran
Датум: 25.09.2009 15:20:52
kICEVSKIOT KRIMINALEC TAKANARECEN TATKO NA MINISTEROT NA KOJ STO MU SE NISA FOTELJATA DOBRO SE NAFATIRA SO NECESNO ZARABOTENI PARI ! pa sega mnogu lesno gi trosi vo kafanata Ambasador od 9 nautro do 12 navecer bes prestan i gradi kuki vo Izizsta so drzavni - ukradeni pari,i so majstori koi godina dena urivaa i gradea vo zdruzenieto pa sega za vozvrat se prefrlija vo negovoto izista da mu ja izgradata trosnata kuka ! milose !!!!!!Ako ne te stigni rakata od pravdata bozjata sigurno ke te stigni ! BROJANI TI SE TVOITE FUNKCIONERSKI DENOVI !ZA KV BRAVAR KONKURIRAJ I PRAVI UPAD VO NEKOJA RABOTILNICA A NE VO FIRMA KADE STO SE BARA OBRAZOVANIE I CESNOST !MESTOTO NE TI E TUKA !NI IZISTA NEMA DA TE SOBERE ! ah narode makedonski !
Од: AA
Датум: 25.09.2009 18:12:36
Таткото одма да се предложи за министер за надворешни работи.