На Владата не и' е доста да ги контролира информациите во медиумите во Македонија, па амбициозно тргнува во освојување на медиумскиот простор во Брисел, испраќајќи си своја дописничка под етикетата МИА. Она што го прави деновиве МНР за новата дописничка излегува од рамките на се' што е видено досега во македонското новинарство и, дефинитивно, ја трга маската од МИА како јавен сервис, претворајќи ја најтранспарентно во агенција на Владата.
Како што дознаваме неофицијално, со допис од МНР, амбасадите во Брисел добиле задача да и' најдат стан и да ја пречекаат новата дописничка, процедура што не ја бараат ни за амбасадорите, а во игра била и опцијата да и се даде просторија во некоја од амбасадите, за која брзо сфатиле дека е апсурдна.
Неофицијално, МНР најавило дека ќе и' излезе во пресрет на дописничката Маја Балевска и ќе и' даде службен пасош, па со таков документ амбасадите треба да и' помогнат да добие акредитација во ЕУ, настапувајќи во исто време како независен новинар и државен службеник! Тоа значи дека, ако се оствари најавата, скандалот нема да стане јавен само во Македонија туку и во ЕУ, бидејќи според правилата за акредитирање на новинари во Белгија, нема шанси новинар да биде и нешто друго, а најмалку, пак, да работи за државата.
Да биде покуриозитетно, Маја Балевска е штотуку вработена и токму за ова работно место во МИА, односно нема новинарско работно искуство, па дури сега интензивно се тренира. Нејзиното именување, по се' изгледа, нема да биде единствено, бидејќи се навестува дека Владата подготвува дописник и од Стразбур, кој ќе известува за „големите успеси“ на Македонија како претседавач со Советот на министрите на Советот на Европа.
Јавна тајна е дека трошоците за новинарите известувачи од сите официјални посети ги плаќа директно Владата, а истото тоа важи и за ова најавено дописничко место, иако треба да си го плаќа сама МИА. Во моментов ниту еден јавен сервис во Европа не си дозволува ваква очигледна врска со Владата, ниту, пак, една македонска влада досега си дозволуваше да демонстрира ваква зависност на новинарството од неа. Тоа е спротивно на сите пораки од Европската унија за слобода на медиумите. (Н.Р.)
Vlada na DPMNE i se e mozno. Ovoj covek e podgotven na se, samo da vladee so Makedonija i kompletno da ne unisti. Sovetnicite okolu nego trebe da ja cuknat glavata i da krenat racna! Ova e stravicno.
Од: rezigniran svedok
Датум: 25.09.2009 01:25:25
Novinarkata sto ke odi vo Brisel ne ja poznavam, no me zacuduva tonot so koj sto se pisuva za nea. Pa dobro be lugje zarem MIA ne bese ist takov "vladin servis" i vo prethodnite vladi? Ako ne bilo taka objasnete mi ve molam kako bese omzno da ima vistinski cenzuri na fotografiite od kade sto izvestuvaa dopisnicite i fotografite na MIA. Taka da za nekoi lica (kako mene na primer) da nema dokzai za prisustvoto na "sredbi od visok kalibar"? Ova bilo slucaj bez razlika na vladinata partiska priroda. Novinarite kako zastitena katoegija slobodno mozat da rabotaat i da izvestuvaat bez strav od lustracija neli?
Sepak vistinata e kerka na vremeto a ne na aftoritetite pa sekogas informacijata izleguva na povrsina, a ima i po nekoj drug sto izvestuval od istite nastani pa vistinata ne moze da se skrie.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2009 07:30:43
Зависта е страшна работа го нарушува основното однесување кон колега од иста бранша.Сигурно текстописецот очекувал да дописничката по слегување од авион да се впушти во барање на сместувалиште, и да прашува покуќите дали има слободна соба.Нормално е да секој дојден во странство ако престојува службено повеќе време да се обрати до амбасадата.Дегутантна вие опаската за наредното известување на дописничката од работата на минстерскиот совет,се работи за државата а не за известување од пазарѓии.
Од: jovan
Датум: 25.09.2009 08:32:05
Trosocite nema da gi plaka Vladata, ke gi plakame nie GRAGANITE.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.09.2009 09:04:26
Да парафразирам еден „наш“ врвен експерт од Астраља, по научната дисциплина аналфабетика: „Sekoj eden moze da bide AKADEMIK, ili NOVINAR, ako zbori i dokaze kako na primer za Egipet, ima piramidi, mumii...“! Најверојатно, Човеков има Големо Влијание врз формирање на Мислењето на Бладата! „Нашата“ „принцеза“ - „експерт“ невиден, ш`о би рекол министеро за правда: „таа е со напреден степен на познавање на компјутери, странски и други јазици...“. - „чудо од дете“ и то Невидено! Штотуку пристигна најнова вест од бладата по тој повод: „Очекуваме „појасна“ интерпретација на настаните од Брисел и секако поповолна оцена за нашиот секојдневен Регресивен прогрес!“
Од: y
Датум: 25.09.2009 09:27:44
normalno deka ke prati posto vasite ( opozicioni ) dopisnicki (majka i kerka ) ne otruja so nevistini i izvestai koi se pred se protiv interesite na drzavata ,kako da se dopisnicki na Grcija ili Bugarija. Razbirame deka ne vi e pravo i deka ke dobiete konkurencija vo smisol na vistinata vo izvestaite. Ne se trevozete, narodot na kraj ke presece i ke kaze koj ja kazuva vistinata.
Од: cicalce
Датум: 25.09.2009 09:40:04
A batler ke ima li dopisnickata? Nie tradicionalno sme imale batleri uste od vremeto na Ace Golemiot, jas samo da potsetam...
Од: од МИА
Датум: 25.09.2009 09:58:13
Штета што не знаете детали. Маја не е новинар на МИА. Таа е тука од пред два-три месеци на „тренинг“ (обука). За жал (ли среќа) никој не ја тренира ниту пак има намера за такво нешто. Ја донесе директорот Љупчо Јакимоски и уредникот Живко Георгиевски (поранешен директор на МИА кој ја остави агенцијата во 2002 година во минус од 130.000 евра). Откако се тие овде, се е подредено на цензурата и величење на „апостоли што не учествувале во НОБ (Николчо Гуевски)“. Поради тоа МИА веќе не е преплатена на Франспрес туку замо на бугарската БТА и Танјуг, што е срамно. Односите меѓу луѓето се нарушени и само прашање е кога ќе „пукне“. Уредници се луѓе кои не знаат дури ни странски јазик на држави-соседи на МК. „Капак“ на се е ова именување на дописничката која засега знаеме дека има едно работно искуство - снимила реклама за кафе. И, која е ќерка на поранешниот фудбалер Ванчо Балевски.
Од: Kire, Skopje
Датум: 25.09.2009 09:59:50
Kako mozese vakov tekst od kolega za kolega da se napise ne mi se veruva, panika li ve faka sto sega nema samo da bidete majka i kerka tamu a?
Од: Ivona
Датум: 25.09.2009 10:12:39
Индикативно е што написот нема автор. Претпоставувам дека е од кланот Јовановски кои се толку исплашени што однапред стигматизираат нивна колешка.Во секој случај пример за нефер новинарство.Незнам што толку им пречи идната колешка, можеби нивните негативно настроени известувања полни со параноја веќе нема да ги сфаќаат сериозно ни шленовите нивното семејство.Доколку им пречи владата нема потреба за напади на лична основа односно да ја именуваат новинарката.
Од: јас
Датум: 25.09.2009 10:31:50
А да кажете чија ќерка е ???Така полесно ќе ја оправдаат портокаловиве коментатори!/
Од: od realen
Датум: 25.09.2009 10:55:21
Pa stom si od VODNO poinakov komentar i ne ocekuvav.Bidejki si gi "cuknavme glavite"zatoa sega ke placete,pozdrav
Од: trifun
Датум: 25.09.2009 11:57:44
е па доста беше од семејството (кланот) јовановски кои секако се најголемите специјалисти за брисел! нема други што можат да ги заменат најголемите „познавачи“ на македонските состојби во брисел и европа.
Од: vanpartiski
Датум: 25.09.2009 12:02:52
Pa stom odi vo Brisel mora da e od klanot (Borjan Jovanovski so familijata i drugarcinjata) , pa znaete deka tie imaat monopol i avtorsko pravo za izvestuvanje od Brisel. Samo neznam kako ke si ja podelat rabotata so Tanja Milevska ili razlicno ke izvestuvaat za edna edinstvena vistina.
Од: mene
Датум: 25.09.2009 12:04:12
A, bre, pa zenskata bila manekenka! normalno deka posakala da stane i intelektualka, koga veke ima grb!
Aj, da ve vidam, vie stanete manekenki!?
Од: Случаен минувач
Датум: 25.09.2009 15:19:31
Незнам дали грешам или не, но нели гореспоменатата "принцеза" е на рекламата за Браво кафе која се случува покрај некој базен со многу шољи во околината?!?
Ако е тоа така, тогаш стварно може човек брзо да напредува со кариерата во оваа држава :-))))).
Незнам дали е за смеење или плачење...