Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Бензинот поскап за еден денар

Од денеска поскапуваат горивата. Еден литар бензин ќе се продава по цена повисока за еден денар, а дизелот за еден и пол денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар еуросупер БС 95 отсега ќе се продава по цена од 69 денари. Се зголемува и цената на еуросупер БС 98, на 70,5 денари. Регулаторната комисија одлучи да го поскапи и дизелот. Еден литар еуродизел Д5, според последната корекција, ќе чини 58,5 денари, а цената на екстра лесното масло за домаќинства ќе изнесува 47 денари за литар.

Новите повисоки цени за нафтените деривати се должат на зголемувањето на цената на суровата нафта на светските берзи и на промената во курсот на доларот во однос на денарот во изминатите 15 дена. (МИА)


#
Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Енергетските проекти како Потемкинови села
Ребалансот е одраз на уморната и безидејна власт
Македонците заработуваат само 35 отсто од Европејците
Македонија на врвот во Европа според невработеност
Еврото зајакнува
Половина милион луѓе биле на нашиот павилјон на ЕКСПО-Шангај
Странските инвеститори слободни од даноци
Повеќето Срби тапа за Интернет