Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонците заработуваат само 35 отсто од Европејците

Македонските граѓани заработуваат само 35 отсто од она што го заработуваат граѓаните во Европската унија. Според последните податоци на „Еуростат“, нашата држава со БДП од 35 отсто е посиромашна и од најсиромашните држави во ЕУ, Романија и Бугарија, чиј БДП изнесува 45 и 41 отсто од просекот на ЕУ.

Посиромашни од нас во регионот се само Босна и Херцеговина со БДП од 30 отсто и Албанија со најниско БДП од 27 проценти. Србија е за нијанса подобра, додека, пак, Хрватска со БДП од 64 отсто е во подобра ситуација и од шест држави-членки на ЕУ. Бројките на „Еуростат“ за 2009 година се речиси идентични како оние од 2008 година, кога нашиот БДП изнесувал 34 отсто од ЕУ-просекот.

Прелиминарните процени на „Еуростат“ за 2009 година покажуваат дека бруто домашниот производ по жител во државите-членки на Унијата се движи од 41 до 268 отсто.

Највисок БДП на жител има Луксембург, 268 отсто, делумно и поради големиот број прекугранични работници, кои се ангажирани во Луксембург. Граѓаните на Ирска, Холандија, Австрија, Шведска и Данска, Обединетото Кралство, Германија и Белгија имаат од 15 до 35 отсто повисока куповна моќ од европскиот просек. За разлика од нив, во Финска, Франција и во медитеранските држави Шпанија, Италија, Кипар и Грција се заработува 10 отсто помалку од просекот на ЕУ.

Со куповна моќ под европскиот просек се Словенија, Малта, Португалија, Словачка, а најниско на скалилото на куповна моќ на европско ниво се Полска, Литванија, Латвија, Романија и Бугарија. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 805 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 22.06.2010 06:52:02
Jas mislam deka ni 10 % Makedonskite gragjani ja nemaat kupovnata mok na Evropejcite. Ova se netocni merila i sekoj gragjanin e svesen za strasno malata kupovna mok na Makedoncite. Vo Evropa nikade, ama bukvalno nikade vo niedna prodavnica namaat tetratki za veresija. Dobar del od naselenieto e gladno. Zalam....mnogu mi e zal.
Од: flying-monaco
Датум: 22.06.2010 07:11:26
A zatoa po modero sedoteruvaat i pomalce rabotat...i nivnite deca povke od evropskite se razonoduvaat...
Од: ognjanka
Датум: 22.06.2010 08:25:39
Ova od clanakot e verojatno statisticki tocno, , megjutoa,kaj majka mi majstorot za 600 denara smeni tri creva od masinata za perenje ves, a istite tie denovi ovde kaj sto jas ziveam(Germanija) mene majstorot mi naplati skoro 90 eura. Ovde najeftino sisanje e okolu 12-15 eura(bez mienje kosa), , a vo Makedonija 200 den-i taka natamu, site uslugi se mnogu poskapi,, se plakjaat visoki drzavni danoci (cak i crkven!),, osiguruvanjata se poskapi, nie od srednata generacija ne samo sto uplakjame vo drzavnata kasa za penzija, prinudeni sme da plakjame i privatno penzisko osiguruvanje, pa duri posle razmisluvame na godisni odmori, lapanje po kafani i "marki" na oblekata, naocarite za sonce i sl. Srdecni pozdravi!
Од: dedo dimo
Датум: 22.06.2010 08:55:28
Prodajtesigo imeto vlezete vo EU pa posle ke vi go vidam seirot .duritogash ke kukate kako kukavici i ke vdite shto znachi siromashtija .Sega imate barem leb a togash i vodane ke mozite da se napijate , no ke vidime ,mozda jas ne sum vo pravo ?.
Од: nekoj
Датум: 22.06.2010 13:03:21
"dedo dimo" ne da ne si vo pravo tuku ova sto go pisuvas e nadvor od sekoe logicno razmisluvanje. Zaboravate da kazete edno nesto: parite se potrebni da se obezbedi dostoinstven zivot, no Evropa nudi mnogu poveke od pari: Moznosti, pocituvanje, seberealiziranje, kultura na odnesuvanje, pocituvanje na pravoto, sigurnost, zastita, covecki tretman! Za kupovnata mok? Pa Evropa proiveduva i trosi, cenata na eden TV proziveden vo Germanija normalno deka e poeftin otkolku izvezen nadvor od EU zonata vo Makedonija na prmer. Vprocem sto vie proizveduvate? Duri i mleko uvezuvate!
Од: b
Датум: 22.06.2010 13:22:24
Да се изјасни Црвенковски и СДСМ што мислат за оваа работа!
Од: od nadvor
Датум: 22.06.2010 13:30:09
Nemože da me ubedi nikoj!!!, deka siromašna e takva država, koja ke si dozvoli da investira vo spomenici i vo drugi (za čovečkiot život ne tolku neobhodni) raboti, vredni stotici iljadi ili možda i milioni eura!!! Toa e laga! Pari ima! No nema pošteni i vredni gazdi, dobri domakini, što so parite, koi državata gi ima vo dispozicija, bi stvarale ponataka i bi se trudele, državata da se vozdigne i nejzinite žiteli da prosperiraat. Pari ima, no idat tamu, kaj što žitelite na MK nemat nikakva korist od niv. Taka si mislam. Pozdrav - i sočustvo.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 14:43:34
Дедо - мегафонот на власта вели дека ако сме надвор од Европа ќ е ни биде добро.Дедо - да не му се замера, а уште и9 плукач по се и сешто што не ја фали власта.Плукањево да не го одработува хонорарно,или внукот му го вработиле - без столче.

Најди! во Утрински
Економија
Енергетските проекти како Потемкинови села
Ребалансот е одраз на уморната и безидејна власт
Бензинот поскап за еден денар
Македонија на врвот во Европа според невработеност
Еврото зајакнува
Половина милион луѓе биле на нашиот павилјон на ЕКСПО-Шангај
Странските инвеститори слободни од даноци
Повеќето Срби тапа за Интернет