Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Половина милион луѓе биле на нашиот павилјон на ЕКСПО-Шангај

Половина милион луѓе од цел свет го посе��иле македонскиот павилјон на најголемата светска изложба ЕКСПО-Шангај 2010, од нејзиното отворање на 1 мај досега. Ова на вчерашната средба со новинарите го потенцираше националниот комесар на изложбата и заменик-министер за економија, Методиј Хаџи Васков.

„Ја презентиравме Македонија како земја во која има традиција на одгледување и подготовка на квалитетно вино. Секој ден има дегустации, а кинескиот пазар е многу интересен за македонските производители“, рече Хаџи Васков. Македонија, чиј прв циклус од презентирањето на изложбата заврши, во текот на шестте месеци, од 1 мај до 31 октомври, е претставена под мотото „Урбан континуитет“. Македонскиот павилјон на изложбата е во форма на пчелино гнездо, во кое саќињата претставуваат слики од македонски културни природни и традиционални вредности и убавини.

Нашата земја првпат има павилјон изграден од 324 квадратни метри, каде што посетителите можат да ја осознаат државата. Со дигитална презентација на двоен проектор се проектираат убавините на Македонија, урбаниот континуитет, начинот на кој таа била уредувана во минатото (Стоби, Херакле��а, отоманскиот период), па се' до модерните времиња. На три различни монитори има дополнителна презентација со дел во кој Македонија е презентирана како земја на еколошка храна и вино.

Планирано е во рамките на изложбата и натаму да има дегустации на вино од Македонија, а во вториот циклус ќе се одржат презентации на туризмот и на можностите за развој на алтернативниот туризам - културен и манастирски туризам, разгледување на археолошките локалитети во државата и сите видови нестандарден, неконвенционален туризам. Покрај тоа, ќе се одржат презентации на автентични традиционални занаетчиски производи, на македонски ракотворби во смисла на филиграните, охридскиот бисер и делот за изработка на опинци, черги, везови и носии. (Ек.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар

Од: Od Davor
Датум: 22.06.2010 10:33:23
Jas koga bev na Expo, na 30ti maj edinstveno nasiot paviljon bese zatvoren so prazni sisinja i otpusoci napred. Bev so dva prijatela od Polska i Koreja i go dozivev najgolemiot sram. Gi nabljuduvav site kako se obiduvaat da vlezat vnatre, ama nisto...i taka prodolzuvaa kon albanskiot paviljon koj, normalno kako i site drugi bese otvoren za poseta i e 20tina metri od nasiot.
Од: Горазд
Датум: 22.06.2010 14:21:01
Овде некој му мачка очи на народов. Зошто?

Најди! во Утрински
Економија
Енергетските проекти како Потемкинови села
Ребалансот е одраз на уморната и безидејна власт
Македонците заработуваат само 35 отсто од Европејците
Бензинот поскап за еден денар
Македонија на врвот во Европа според невработеност
Еврото зајакнува
Странските инвеститори слободни од даноци
Повеќето Срби тапа за Интернет