Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Две грчки уметници изложуваат во „Јавна соба“

Делата на Ранија Еманулиду и Маријана Игнатаки се доживуваат како една целина

Катерина Богоева


Исклучително впечатлив избор од најновите дела на две уметници од Грција, Ранија Еманулиду и Маријана Игнатаки се презентирани на изложбата “Coitus Interruptus”, што како прво независно претставување на автори од соседната земја, од вчера е отворена во „Јавна соба“ - промо - центарот во Скопје. Куратор на изложбата е Марина Атанасиаду, кустос и музеолог од Атина, која заедно со двете уметници вчера присуствуваше и на одржаната прес - конференција, водена од првиот човек на граѓанската организација „Јавна соба“, Александар Велиновски. Изложбата тој ја престави како почеток на еден вид соработка со Грција. „Свесни сме дека недостасува културна соработка меѓу двете земји и пробавме да го ископираме бизнис моделот. Грција на ова поле добро функционира во Македонија, па се обидовме тоа да го направијме и на полето на уметноста“ - рече Велиновски, кој како и членовите на неговата организација, стојат на ставот дека силите на прогресивните идеи предводени од граѓанското општество и на овој начин докажуваат дека уметноста не познава граници.

Презентирани заеднички во ист простор, без легенди кое дело кому му припаѓа, делата на двете уметници ја постигнуваат зададената цел, да бидат доживеани како творба на еден автор. Еманулиду и Игнатаки се долгогодишни пријателки и колешки, а како автори и досега неколку пати изложувале заедно. Посочија дека жената е темата што ги поврзува при ова нивно ликовно претставување, а го изразија и своето задоволство од можноста за презентација. Потенцираа дека „уметноста е уметност, а политиката си е политика“, оградувајќи се од новинарските прашања индиректно поврзани со барање да изнесат свое мислење за името на земјава во која изложуваат, за начинот на кој ќе ја информираат домашната јавност каде го презентираат своето творештво.

Маријана Игнатаки (1977) живее во Солун каде е и родена. Студирала во Франција и Австрија и досега реализирала една самостојна изложба во Солун, а учествувала на повеќе групни изложби во Франција и Италија

Ранија Еманулиду (1979) своите студии по ликовна уметност ги завршила на Аристотеловиот универзитет во Солун, каде досега имала две самостојни изложби. Нејзиното творештво досега е презентирано на групни изложби во Грција, Србија, Италија.

Кураторката Атанасиаду од Атина која работи на презентација на младите грчки автори во странство, укажа на недоволните можности кои им се нудат за презентација во странство (патувања, комуникации со релевантните институции, организации), правејќи споредба со нивните колеги од Франција и Англија.

 


Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар

Од: димитар
Датум: 11.09.2008 00:52:51
Абе две грчки уметници, алооо, две грчки уметнички или двајца грчки уметници. Немојте вака, не сме на Бит Пазар или населба Гази Баба.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Револуционерна естетика на МОТ
Славистите имаат значајна мисија во борбата за подобра иднина
„Скапоцениот камен од Медина“ најде британски издавач
Жирито на „Браќа Манаки“ го предводи Кристијан Бергер
Михајло Керкез - Кан