Енергичен, претприемчив, забавен..., но никогаш на наметлив начин, со своето чувство за желбите на луѓето успеваше во неколку наврати со месеци да „управува“ со емоциите на Македонците, а цело време да остане во сенка. Михајло Керкез, во естрадните и бизнис-кругови познат како Миша Кан, почина на 8 септември 2008 година по долго и тешко боледување. Беше сопственик на продукцијата „Кан“ и нејзин креативен директор, фирма која во Македонија ги донесе теленовелите „Касандра“, „Клон“ (и уште многу други лиценцирани документарни филмови и серии), кои во долги временски периоди масовно ги обземаа вниманието и чувствата на ТВ-гледачите.
Миша Кан е роден во 1947 година во Белград, а на естрадата влегува како бас-гитарист и ја запознава сопругата Цветанка Ласкова, позната македонска пејачка Бракот со неа го носи во Скопје, каде што во почетокот на 90-тите години на минатиот век ја формираат продукцијата „Кан“, која минатата година прослави 15 години од своето постоење.
Михајло Керкез беше погребан на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.