Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Скапоцениот камен од Медина“ најде британски издавач

Романот на Шери Џонс, кој зборува за Ајша, седмата жена на пророкот Мухамед, се очекува да излезе во октомври

Романот „Скапоцениот камен од Медина“ на новинарката Шери Џонс, чија судбина беше неизвесна откако во август американската куќа „Рендом хаус“ го откажа неговото печатење, најде друг издавач. Британската издавачка куќа „Гибсон сквер“ ги купи правата и прва ќе го издаде овој контроверзен роман на англиски. Се очекува романот кој зборува за Ајша, седмата жена на пророкот Мухамед, да се појави во британски книжарници во октомври.

Пред месец дена, пред самото издавање на овој роман се случи преседан. Американската куќа „Рендом хаус“ го откажа неговото издавање со образложение дека неговата содржина би можела да ја навреди исламската заедница и да предизвика насилство. Веднаш потоа, во Србија, која беше првата земја во која се објави овој роман, издавачката куќа „Беобук“ ја повлече од пазарот откако реагираше тамошната Исламска заедница со образложение дека ги навредува чувствата на Муслиманите. Сето тоа предизвика лавина реакции во светот и во соседството, кои го нарекоа лов на вештерки. Реагираше и познатиот писател Салман Ружди, кој ја критикуваше „Рендом хаус“ со која и тој соработува, изјавувајќи дека тоа е цензура од страв и дека е лош преседан. По овие случувања и нашата издавачка куќа „Култура“, која ги имаше откупено авторските права, го одложи нејзиното издавање.

Претставникот на „Гибсон сквер“, Мартин Ринџа, изјави дека тој роман треба да биде достапен на јавноста. „Во отворено општество мора да има слободен пристап на книжевни дела. Како независна издавачка компанија не треба да се плашиме од полемика. Ние сметаме дека ‘Скапоцениот камен од Медина’ е квалитетно дело кое фрла светлост на темата за која на Запад се знае малку. Негово забранување во западни земји значи дека сме се вратиле во мрачно време“, изјави Ринџа, додавајќи дека по овие случувања романот на Шери Џонс стана барометар на нашето време.

Инаку, според информациите во светскиот печат изгледа дека романтичната приказна за Ајша, најмладата и најсакана жена на пророкот Мухамед, најде издавач и на германски. А се очекува таа да биде издадена и во Италија, Шпанија, Бразил и Унгарија. Ако тоа се случи, како што изјави директорот на „Култура“ Глигор Стојковски, таа книга ќе биде издадена и кај нас. (С.У.)


Статијата е прочитана 179 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Револуционерна естетика на МОТ
Две грчки уметници изложуваат во „Јавна соба“
Славистите имаат значајна мисија во борбата за подобра иднина
Жирито на „Браќа Манаки“ го предводи Кристијан Бергер
Михајло Керкез - Кан