Фатени такси-разбојници од Велес
Полицијата ги откри и ги уапси двајцата разбојници што пред пет дена ограбија таксист од Велес, одземајќи му го возилото со кое ги пренесувал. Настанот се случи во саботата во Велес кога С.М. (34) и Г.Т. (29) влегле во такси-возило и по кратко време, под закана со нож, го принудиле возачот да излезе надвор, а тие со автомобилот заминале во непознат правец. Истражен судија им одреди притвор во траење од 30 дена, а полицијата им поднесе по три пријави. (Г.А.) |