Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Војна меѓу судот и адвокатите за „Пајажина“

Судот обвинува за отстрел на судии, адвокатите негираат дека постојат такви листи

Препукувањата на релација кривичен суд - адвокати, кои почнаа уште од притворањето на сопственикот на телевизија А1, Велија Рамковски, и на уште 13 други во случајот „Пајажина“, преминуваат во вистинска војна.

Според судот, недоразбирањата почнале оној момент кога бранителите на осомничените почнале да изнесуваат во јавноста детали од истрагата. Но, според адвокатите, токму државните институции биле тие што го пречекориле дозволеното и први почнале со изнесување детали од случајот.

Официјалното соопштение што судот завчера го лиферуваше во јавноста ги изненади адвокатите. Во него кривичниот суд наведе дека „јавноста треба да биде запознаена оти некои од адвокатите на одбраната вршат постојан и секојдневен притисок врз судиите што постапуваат во овој случај во правец на донесување посакувани одлуки, различни од веќе донесените, со закани дека ќе бидат разрешени согласно со веќе направените списоци за „отстрел“.

Адвокатите на Велија Рамковски и на другите обвинети во овој случај се на став дека ниту некој правел ниту планирал отстрел на судии.

„Навистина бев изненаден кога го видов соопштението на судот во кое се тврди дека некој составувал листи за отстрел на судии. Ниту сум учествувал ниту ми е познато дека некој составувал такви листи. Лично не верувам дека такво нешто постои, но она што зачудува е нивото на комуникација“, вели еден од бранителите на осомничените, кој сака да остане анонимен.

И додека судот инсистира „на водење на постапката во зградата на судот, а на улица“, но и на коментирање на случајот, како од дел од бранителите, туку и на некои експерти, токму одбраната е таа што тврди дека тие не се оние што почнале со ваков вид комуникација.

„Не можеме да се согласиме овој судски предмет да се води на улица бидејќи изнесувањето конкретности од истражната постапка значи и сторување кривично дело. Но, не можеме да се согласиме и со некои самонаречени експерти да говорат за случајот бидејќи тие немаат никаков увид во списите од предметот, па од тие причини и не можат да го коментираат“, велат од Основниот суд Скопје 1. Тие појаснуваат дека нивното соопштение не е лиферувано со цел да се конфронтираат, туку за да укажат на одредени состојби што го следат овој случај.

„Немам намера да молчам за одредени работи што се надвор од законот, но не можам да се согласам со тоа дека претседателката на судот може да комуницира со јавноста преку соопштение, а јас како бранител да не кажам ништо. Впрочем, јас како бранител имам право да се борам за моите странки, но не ми е јасно што толку е засегната претседателката на судот: Доколку соопштението на претседателката Неделкова е во функција на нејзината кандидатура за претседател на Апелациониот суд во Скопје, тогаш можам да ја разберам нејзината реакција“, вели адвокатот Мирослав Вујиќ.

Адвокатот Вујиќ не негира дека одбраната отворено говорела за случајот „Пајажина“, но, според него, не биле изнесувани работи што се однесувале или би ја попречувале истрагата. Според него, се' почнало кога некои државни институции почнале со изнесување детали за овој случај. Според адвокатот, уште во преткривична постапка биле изнесувани обвинувања и конкретни бројки за затаен данок, а јавноста беше сведок и на имиња на вработени во фирмите на „Перо Наков“ со нивни матични броеви и висина на месечни примања. Како и дали ќе заврши спорот меѓу судот и одбраната, најверојатно, ќе се знае веќе в понеделник за кога се очекува продолжение на истрагата и распит на нови сведоци. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1040 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Бајруш Сејдиу осуден на уште 12 години затвор
За убиство на навивач 240 години затвор
Пет години затвор за полов напад на дете
Украдени 200 мобилни телефони
Фатени такси-разбојници од Велес