За убиство на навивач 240 години затвор
Висока затворска казна од вкупно 240 години заработија 15 навивачи на белградскиот клуб Партизан поради убиство на 28-годишен француски државјанин, извршено пред 16 месеци во српската метропола. Според српските медиуми, пресудата на Вишиот суд во Белград предизвикала лавина реакции меѓу блиските на осудените, кои физички се обиделе да се пресметаат со новинарите, а ја навредувале и судијката.
Според пресудата, насилниците на возраст од 20 до 31 година, се осудени на затворска казна од осум месеци (најниската), па до 35 години (највисоката).
Интересно, двајцата првообвинети, осудени на 35, односно 32 години затвор, се во бегство. Францускиот навивач Брис Татон беше убиен во септември 2009 година кога допатува во Белград да го бодри својот клуб Тулуз. Ноќта пред натпреварот излегол да се забавува во градските кафулиња, по што беше брутално претепан од толпата хулигани. (Г.А.) |