Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Бајруш Сејдиу осуден на уште 12 години затвор

Нова пресуда за кумановецот во случајот „Пепел 2“ откако во март беше осуден на пет години за шверц со цигари

Љубиша Станковиќ


Нови 12 години затвор за кумановецот Бајруш Сејдиу, кој во март лани беше осуден на затворска казна од пет години за шверц на цигари. Со најновата пресуда на скопскиот Кривичен суд, Сејдиу вчера беше прогласен за виновен за перење пари и други приноси од кривично дело, за што му е изречена казна затвор во траење од 10 години. За злоупотреба на службената положба судот му пресуди уште три години затвор, па согласно со законот му беше изречена единствена затворска казна во времетраење од 12 години.

На повисока затворска казна, за сторени четири кривични дела, единствено беше осуден братот на Бајруш Сејдиу, Наим Сефери. На недостапниот Сефери судот за секое дело поединечно му изрече затворска казна од 25 години, но на крајот мина со единствена казна затвор во траење од 15 години, што е максимална казна согласно со законот.

Стечајниот управник и основач на „Искра инженеринг“, „Жито мел АД“ и „Жито мел ДОО“, но и на скопските фирми „Центро“, „Газела“, „Техника“ и „Ладилник“, третообвинетиот Зоран Стојанкиќ е осуден на единствена казна од 13 години затвор.

На по десет години судот ги осуди обвинетите Ха��рула Авдији и Бајруш Велији, а поранешниот содружник во „Жито мел“, Душко Караџовски е осуден на затворска казна во траење од седум години. На пет, односно четири години затвор беа осудени Фатмир Сулејманов, односно претседателката на стечајинот судски совет Марин Дишковска. Со три години затвор беа казнети обвинетите Марјан Цветковски и Михајло Николовски, а на по две години обвинетите Мумин Реџепи, Станиша Џепиќ и поранешниот советник во Министерството за економија, Венцислав Арсов.

Дел од групата осудени еднаш веќе се најдоа на удар на законот кога во март минатата година беше изречена првостепената пресуда за случајот „Пепел“.

Според судот, сите обвинети биле свесни дека извршувале кривични дела и дека со своето постапување демонстрирале и закани, но и тоа дека со преземањето на фирмите биле изиграни доверители во што биле потпомогнати од лица од Министерството за економија. Судот, покрај изречените затворски казни, ги укинува и приватизациите на фирмите на Сејдиу, а беа изречени и други мерки и одлуки.

Обвинителството во случајот „Пепел 2“ го товареше Сејдиу дека со купувањето на фирмите „Жито мел“, „Искра инженеринг“, „Кен“ и работна единица „Полјоделство“ при ЗИК „Сточарство и преработка“ успеал да се стекне со противправна имотна корист од околу шест милиони евра.


#
Статијата е прочитана 966 пати.

Испрати коментар

Од: Kumanovec
Датум: 28.01.2011 06:21:43
Konceno da se zatvorat gangsterite kumaniovski koi napravija milioni na grbot na rabotnici koe edvaj imaa po 4000 denari sekoj VTOR mesec vo ovie firmi.
Од: ivona
Датум: 28.01.2011 10:14:32
na stojankik treba da mu se odredi uste po tolku za Centro,za gazela i tehnika,i da mu se odzeme se sto e na negovo ime i na ime na sinot i zenamu, pa da ostanat na uluca,oti toj ostavi na ulica 5000 vraboteni od firmite zaedno so stecajnite sudii za koi istoto treba da vazi.

Најди! во Утрински
Хроника
Војна меѓу судот и адвокатите за „Пајажина“
За убиство на навивач 240 години затвор
Пет години затвор за полов напад на дете
Украдени 200 мобилни телефони
Фатени такси-разбојници од Велес